• Latest

МТСП: Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова дрско ги злоупотребува децата од СОС Детско село во предизборна кампања

April 30, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МТСП: Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова дрско ги злоупотребува децата од СОС Детско село во предизборна кампања

April 30, 2019 17:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика најостро реагира на дрската злоупотреба на децата и младинците без родители и родителска грижа во СОС Детско село од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Годрана Силјановска Давкова. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ денеска подготвуваше оброци за децата од СОС Детско село, малипулирајќи ја јавноста дека се загрозени и дека им е неоходна храната.

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот Центар за социјални работи и истиот изнесува 18.000 денари.

Освен користењето на месечниот надоместок, според договорот ПУ СОС-Детско село, има обврска децата да ги згрижува на начин кој е во најдобар нивен интерес, да им обезбеди, исхрана, облека, нега, грижа и воспитание до нивно враќање во семејството, односно до оспособување за самостоен живот и работа. Установата е должна на децата и младинците да им обезбеди посетување на основно и средно образование во соодветна установа, организирање стручна помош за успешно совладување на воспитно-образовните програми, да организира различни облици на работа и живот, како и да се грижи за нивното здравје.

Република Северна Македонија ја има ратификувано Конвенција за правата на детето. Согласно членот 36 од Конвенцијата државите кои ја имаат ратификувано оваа Конвенција се должни да ги штитат децата од сите форми на искористување штетни за доброто на децата. Злупотребата на децата кои се без родителска грижа и се под заштита на државата за партиски интереси претставува најгрубо кршење на детските права и е во спротивност на најдобриот интерес на детето загарантиран со Конвенцијата.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ