Од март до декември 2018 година, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз – „Invest in North Macedonia“ Вулнет Адеми, потрошил 2,821,475 денари или околу 46 илјади евра.
Ова е прикажано на алатката за отчетност што се објавува јавно и на веб страницата на самата агенција.

Најголемиот дел од сумата се потрошени на угостителски услуги во земјава, во странство и во хотели, а не се малку ни сумите за другите трошоци како што се авионски билети, гориво за патувања, телефон и друго. За “Угостителски услуги во земјата” Адеми потрошил највеќе, и тоа 668,100 денари, или речиси 11 илјади евра, а втора најголема сума е за хотели, за што потрошил 590,852 денари. Трета категорија по висина е сумата е за “Угостителски услуги во странство” за што потрошил 588,380 денари. Само за еден месец, во октомври минатата година за угостителски услуги во земјава директорот на Агенцијата потрошил 140,726 денари, а слични суми има потрошенио и во другите месеци, исто така и во странство, за иста намена. Во извештајот се забележуват високи суми и за гориво за службено патување, и за авионски карти и за вип салони на аеродроми. Адеми трошил 248,876 денари за гориво за службени патувања, 129,504 денари за гориво за кола, 126,982 денари за ВИП салони на аеродроми и 85,940 денари за авионски карти. Овие средства за патувања не биле доволни, па затоа за 10 месеци во минатата година директорот потрошил и 53,055 денари и за изнајмување на моторни возила. Само за мобилен телефон Вулнет Адеми потрошил цели 136,574 денари, од 3 до 12 месец 2018 година.
А. Зеќири












