Избраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја порази противкандидатката, Гордана Силјановска, со 58.499 гласа разлика на вториот круг од претседателските избори. Разликата во гласовите во првиот круг од изборите, пак, беше 4.240. Во вториот круг за Пендаровски гласаа 436.212, односно 51,66 отсто, додека за Силјановска гласаа 377.713, односно 44,73 отсто.
Ова значи дека не биле одлучувачки само гласовите на третиот кандидат, Блерим Река, кој не се квалификуваше за вториот круг, а кој во првиот круг освои 79.888 гласови. Очигледно е дека овој пат имаше поголема мобилизација на гласачите, имајќи предвид дека и процентот на излезност беше поголем. За зголемената излезност се пофалија челниците на ДУИ.
Интересно е тоа што има 30.437 неважечки гласачки ливчиња.
Д.М.