Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синокќа пред странските партнери изјавил дека додека е претседател нема да ја признае независноста на Косово.
„Можете само да ме убиете, но тоа нема да се случи. Еве, им кажувам на сите и на Англичаните и на Германците. Срушете ме, но нема. За 15 години може да биде некој друг претсеател, но Вучиќ нема да го признае Косово“, порачал Вуќиќ, пренесе Танјуг.
Меѓудругото, Вучиќ укажал дека не мора сите да мислат исто за сите прашања, но дека по прашањето за национални и државни интереси е потребен, ако не апсолутно единство, тогаш секако „заеднички именител“.
М. И.