• Latest

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025 14:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави дека нашата држава го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory), кој се реализира со поддршка на Министерството и со финансиска помош од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС.

– Ова е капитален проект со историско и национално значење. Нова страница во дигиталниот развој на Македонија во која Владата, универзитетите, индустријата, заеднички градат Национален систем за вештачка интелигенција. Носител на овој проект е Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) приук УКИМ во Скопје, со силна институционална поддршка од Министерството за дигитална трансформација и Владата, истакна Андоновски.

Проектот „Везилка“ е избран за финансирање преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС, а вкупната вредност изнесува нешто помалку од шест милиони евра. Финансиран е од ЕУ со кофинансирање од страна на Министерството, Владата и ФИНКИ.

-Со овој проект Македонија се позиционира како активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција што претставува огормен исчекор за нашата научна и технолошка заедница. Како што наведе вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ препозна дека капацитетот на моќ на супер компјутерите и инфраструктурата за вештачка интелигенција е фундаментален преудслов за технолошка автономија и конкуретност. Во таа насока таа најави дека овие фабрики за Вештачка интелигенција ќе се отворат и за Западен Балкан вклучително и со антени и во Македонија и во Србија, рече Андоновски.

Како што појасни тој, „Везилка“ е планирано да функционира како придружен центар на Европската фабрика за вештачка интелигенција (ФАРОС), со седиште во Грција. Ова партнерство, според Андоновски, ќе овозможи директен пристап до европски супер компјутери и напредни податочни простори што ќе биде достапно за јавни институции, стартапи, компании и истражувачи.

– На овој начин и ние ќе се вклучиме на европската структура на вештачка интелегенција што значи нови можности за развој, истражување, меѓународна соработка и дигитална иновација. Но проектот има и поголема цел, а тоа е да изгради Национален еко систем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, рече Андоновски наведувајќи пет приоритетни области.

Прво, и за Владата како најзначајно – јазик и култура, а целта на овој проект е системски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство. Примена на вештачката интелигенција во здравството, енергетиката, јавната администрација и земјоделието.

Освен структура „Везилка“ ќе основа Центар за обука и за тренинг за Вештачка интелигенција. Планирано е да се спроведуваат обуки, едукативни програми и практични проекти со цел да се развијат вештини, знаења за новата дигитална економија. Андоновски рече дека ова се инвестиции во следната генерација ученици, студенти, истражувачи кои ќе ја водат Македонија во следната дигитална декада.

– Создаваме систем, а не ад хок проекти. ‘Везилка’ ја симболизира нашата визија – Македонија како дигитално суверена држава со силна научна и иновациска основа. Ова е чекор со кој нашата земја станува активен партнер во европскиот технолошки простор, а не само набљудувач, додаде Андоновски.

Министерот ги покани сите истражувачи, сите високообраозвани установи и институти да се приклучат во овој Национален проект.

Андоновски, одговарајќи на новинарски прашање, рече дека прво и најзначајно за нас е градење на македонски јазичен модел на вештачка интелигенција, иако веќе постојат примери на развој на јазични модели но оти тој пристап не е системски туку повеќе научен.

– Сега одиме на системски пристап кон полнење и хранење на тие јазични модели со доволен квантум на литература, на податоци, на историографија и тоа е првиот дел што ќе се развива настрана од инфраструктурата која што ни е потребна за тоа, рече министерот.

Димитар Трајанов, кој го води проектот на ФИНКИ, рече дека целта е да собереме доволно македонски текстови, да се дигитализираат текстови и содржини кои не се, и понатаму да се направи една добра база и квалитетен дата сет кој што ќе служи за  градење на добар јазичен модел. Покрај ова имаме и друг проект кој е финансиран од МОН. Како што појасни Трајанов, тој јазилен модел ќе биде на нашите сервери со што ќе ја задржиме нивото на приватност, на суверенитет итн, а примената во сите други области е извонредно интересна. Областите се избрани врз база на стратегијата на Смарт Македонија, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ