• Latest
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќева банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Вучиќева банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025 10:32
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

Share on FacebookShare on Twitter

Алта банка од Србија, банка за која тамошните медиуми пишуваа дека му е омилена на претседателот Александар Вучиќ е новиот сопственик на Стопанска банка Битола. Понудата ја прифатиле 262 акционери кои продале вкупно 344.420 хартии од вредност, што претставува 88,09 отсто од акционерскиот капитал.

Во името на Алта банка, известувањето за исходот на понудата за преземање го објави нивниот застапник во Македонија, адвокатот Александар Кралевски.

Банката од Белград понуди по 3.777 денари за акција издадена од Стопанска банка Битола. Потребно беше да се продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03 отсто од вкупно издадените 371.538 обични акции со право на глас.

Банката од Белград, за која тамошните медиуми пишуваа дека е миленик на претседателот Александар Вучиќ, депонираше ококу 22,8 милиони евра (1,403 милијарди денари) на посебна на посебна сметка во Централниот депозитар наменети за преземање на Стопанска банка Битола, односно за сите 371.538 обични акции.

Акционерите имаа време до 10 октомври да одлучат дали своите акции ќе му ги продадат на заинтересираниот купувач по единечна цена од 3.777 денари. Алта банка веќе поседуваше 19.439 од овие банкарски акции или 4,97 проценти.

Понудата ќе се смета за успешна доколку се продадат најмалку 273.795 акции или 70,03 отсто од вкупно издадените, а во овој случај банката дојде до 88,09 отсто од капиталот.

Најголем акционер во банката беше Пелистерка со 16,99 проценти. Со по 4,99 проценти следуваа Никола Јанковиќ, Јовица Ќурќиќ и Тони Јосифовски; а потоа Ненад Јосифовиќ (4,93%), ДПТУУ Тимох (4,86%), ОРКА Холдинг (4,68%), НЕТ-Електроникс Владимир (4,15%) и Скопски пазар (4,10%). Оваа листа произлегува од акционерската книга со датум од први септември.

Пред точно една година, Комерцијална банка сакаше да ја преземе во целост банката од Битола и нудеше по 3.200 денари за акција, но преземањето не беше поддржано од најголемите мнозински акционери.

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии за „Рацин.мк“ изјави дека преземањето е крајно проблематично поради тоа што Европската централна банка има отворено истрага за можно перење пари.

На прашањето⁠ дали е ова засилување на унгарско-српското влијание во Македонија, тој вели:

-Попрво би кажал дека нашата влада си ја зацврстува позицијата во тимот на Вучиќ и Орбан. Не само идеолошки, туку и во поглед на начинот на владеење и бизнис релациите. Лошото во целата работа е што станува збор за мал и слаб тим, кој не е многу ценет во Европа и светот, а и на кој не му оди баш добро во последно време – поддршката и на Вучиќ и на Орбан е падната драстично, очекувањата се тие да ги изгубат следните избори. Но во Македонија никогаш не се размислувало стратешки, секогаш се гледало само како да се збогатиш преку ноќ додека си на власт, вели Јовановиќ.

Уште во август, ЦИВИЛ Медиа во анализата на Љубомир Костовски, „СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?“, објави дека во земјава влегува српска банка од понизок ранг која треба да создаде некаква финансиска мимикрија и да ги „казни“ постојните домашни банки кои не се покажаа сосема „лојални“ кон власта, на пример, кога донесе кредит од една милијарда евра на стартот на владеењето. Во земји со истоветен систем на владеење и во Скопје и во Белград овој потег не е можен без согласност на двата политички врвови. Во Србија ваквите спогодби ги нарекуваа во 90-тите „буразерски“ и се дел од целосно разбирање за интересите на двете договорни страни, направени во дискреција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ