• Latest
Џевдет Хајредини

Серија проектили од Хајредини

May 9, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Серија проектили од Хајредини

May 9, 2019 17:41
in СЛОБОДНА ЗОНА
Џевдет Хајредини

Џевдет Хајредини

Share on FacebookShare on Twitter

Џевдет Хајредини со серија поенти во изминатите неколку дена, прави пресек на настаните со нему својствената острина и длабочина.

ЗА ИЗБОРИТЕ… ПЕНДАРОВСКИ… АЛБАНЦИТЕ… ВМРО… ДУИ…

Повторувам, уште еднаш, дека е невозможно ДУИ и ВМРО да дозволат во Собранието да помине Законот за јавното обвинителство, со кој не се исклучува можноста нивните функционери да одговараат за кривичните дела што ги извршиле додека биле во заедничка власт.

Овде не може да помогнат, дури и да сакаат, дури ни Могерини и Столтенберг кои, инаку, своевремено успеаја ДУИ да го одделат од ВМРО.

***

Не знаев да му одговорам на еден Албанец кога ме праша како може да гласа за Стево Пендаровски, а неговиот глас да не влезе во тие 150.000 од ДУИ.

***

Не верувајте во ниедна реформа во  администрацијата ако таа не почнува со смена на луѓе.

***

Без Албанците не беше можен ниту цензусот, ниту изборот на Пендаровски. Со Албанците се постигнува и едното и другото. И така ќе биде.

***

ВМРО конечно треба да сфати и прифати дека изборите се добиваат со поголем број  гласови на луѓе, а не со повеќе квадратни километри територија покриена со црвена боја.

***

Бројот на Албанците кои гласале за Пендаровски е рамен точно колку збирот на оние што во првиот круг гласаа за Блерим Река и гласачите на ДУИ, кои седат дома и земаат „плата“ од буџетот.

***

За Пендаровски гласале сите оние Албанци кои се против ДУИ и против ВМРО, како и тие од ДУИ што седат дома и земаат плата.

До сега од Дуистите слушаме дека за Пендаровски гласале 200, 150, 137, 110, 100, 90 и 80 илјади нивни гласачи. Која од овие бројки е точна, господ знае.

***

Бројот на гласовите што Пендаровски ги доби од гласачите Албанци сигурно ќе  беше и поголем доколку од ДУИ не беше упатен повик за излез на гласање.

И Пендаровски, сигурно не случајно, во говорот по прогласувањето на резултатите, посебна благодарност му изрази на Блерим Река.

МАЃАР ТЕЛЕКОМ

Во едно соопштение на Владата од средбата на Премиерот со менаџерите на Маѓар Телеком минатата година, се истакнуваше дека искрената соработка со Владата во минатото, ќе продолжи и во иднина.

Значи ли тоа дека и новите менаџери ќе продолжат, исто како нивните претходници, да ги подмитуваат високите функционери во државата за да стекнат одделни поволности за својата компанија.

Судот во Њујорк, како што е познато, ним им судеше и ги казни, додека во Македонија и ден денес не се откриваат кои се функционерите кои митото го примиле.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ПРАШАЊА ДО ПРЕМИЕРОТ

Нема потреба, г. Заев, десет пати да го посетите Макрон. Доволно е да најдете сила, од владата и околу неа, да ги избркате корумпираните остатоци од претходниот режим, заедно со новите кои само што дојдоа почнаа да се однесуваат на ист начин.

Ако ова се оствари, не ќе има потреба Макрон и Меркел ниеднаш да ги посетите.Тие ќе дојдат во посета на Македонија.

Врзано со ова, еве и неколку важни прашања:

Каде е скринингот?

Каде е „работниот комитет за евроинтеграции“ формиран од најталентираниот дипломат меѓу хирурзите?

Дали е уште на сила „вонредната состојба“ што ја прогласи тој самиот, а не владата?

И, на крајот, дали истиот и натаму успешно ги координира работите на автопатот Скопје-Блаце, за што Вие лично го ангажиравте?

Дали е сѐ уште на сила мобилизацијата, од министрите до чистачките, да работат за евроинтеграциите, од која те исклучи само Тебе?

НЕ ДОБИВ ОДГОВОР

Не знам дали имам право да кажам јавно дека од премиерот не добив конкретен одговор на ниедно прашање што пред три дена му ги поставив во врска со незаконското трошењето на буџетските пари.

ЕДНО ПРАШАЊЕ, НА КОЕ НЕ МОРА ДА МУ СЕ ДАДЕ ОДГОВОР

Едно прашање до Премиерот, на кое не мора да ми одговори:

Дали и натаму продолжува „искрената соработка“ на владата со ТЕЛЕКОМ?

СЛАБА УТЕХА ОД МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ

Министерот за финансии никого не теши многу кога ни соопштува дека малку е намален растот на јавниот долг.

ОПОЗИЦИЈА И ПОЛИЦИЈА

За опозицијата полицијата е виновна и кога ја тепаат.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

 

Share258Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ