Државната комисија за спречување корупција ќе побара од Владата да ги преиспита 36 вработувања на роднини на партсики функционери во УЈП и во АД “Аеродроми”. Меѓу вработените се и сопругата на директорот во оставка на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, и сестра на пратеничката од СДСМ, Тања Ковачев.
На денешната седница на ДКСК исто така ги разгледуваше дезинформациите за партиски вработувања и вработувања по непотизам, за кои, како што беше кажано, крајно сериозно го нарушуваат угледот на лицата што се невини, односно воопшто не се вработени таму каде што се тврди.
ДКСК отвори и два предмети за вработување на братот и братучедот на градоначалникот на Општина Василево во основно училиште, како времени вработувања. ДКСК одлучи да се извести надлежниот инспекторат за да се види дали имало неодложна потреба за времени вработувања во училиштето, бидејќи бил распишан оглас покрај за споменатите двајца, за уште 15 вработувања.
Исто така, се затворија неколку случаи за вработување на најблиски роднини на поранешниот градоначалник на општина Лозово, Орце Цветковски.