• Latest

ЗНМ: Обвинителството да го повлече обвинението за Кежаровски

May 20, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЗНМ: Обвинителството да го повлече обвинението за Кежаровски

May 20, 2019 11:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако неодамна Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичниот и Апелациониот суд за случајот „Ликвидација“, а во кој беше осуден и новинарот Томислав Кежаровски, од Здружението на новинари (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Кежаровски.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно одлучиле дека Здружението до крај ќе инсистира на правичност на Судот и Обвинителството во постапувањето по овој случај се додека Кежаровски не биде ослободен од обвинението.

„Изминатите неколку години ЗНМ континуирано даваше поддршка на Кежаровски и тој став принципиелно ќе го браниме се додека не биде задоволена правдата. Затоа бараме ОЈО да го повлече обвинението против колегата Кежаровски, кој беше неправедно обвинет, а потоа и осуден. Со еден ваков потег ОЈО ќе покаже дека конечно одлучува независно и непристрасно во интерес на правдата“, рече Чадиковски.

Со оглед на тоа дека Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување, ЗНМ го повикува и Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинението и со тоа  да покаже дека во државата слободата на говорот е загарантирана како основно човеково право.

Според Чадиковски, ова претставува одлична можност за ОЈО и Кривичниот суд да демонстрираат правичност и конечно,како што рече, да стават крај на еден долг и неправеден предмет што се води против новинарот и доскорешен заменик претседател на ЗНМ, Томислав Кежаровски.

Кежаровски беше обвинет за откривање идентитет на заштитен сведок, меѓутоа јавноста знае дека тој во своите написи не го откри идентитетот, а потоа во постапката се покажа дека заштитниот сведок бил лажен. Со ова, како што рече, Чадиковски е очигледно дека неговиот предмет беше монтиран со цел да биде згасната неговата критика.

Кежаровски изрази благодарност за досегашната поддршка што ја добивал од ЗНМ, од почнувањето на процесот па до денес.

„Со адвокатот Филип Медарски очекуваме во овој случај фер судење на кое ќе можеме докрај да ги истакнеме сите наши докази дека за тоа не го сторив делото за кое бев обвинет и осуден“, посочи Кежаровски. 

Share33TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ