Евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција во седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, изјави дека денеска добивме добра вест од Брисел и честиташе за напорите и посветеноста, како и за жртвите што ги направивме во изминатиот период.
“Ова не е само вообичаен извештај за напредокот, туку и извештај за исполнетите услови поставени од државите членки на ЕУ во јуни лани. Еврокомерсарот Хан кажа јасно дека земјата ја искористи шансата што и беше понудена и ја спроведе поставената амбициозна агенда“, изјави Жбогар.
Жбогар додаде дека земјата ги исполнила сите услови и има резултати во повеќе области, како со владеење на правото, судството, борбата со корупцијата и криминалот, реформите во јавната администрација, реформа на разузнавачките служби и на јавната администрација.
Еврокомесарот Јоханес Хан денеска соопшти дека Европската комисија му препорача на Советот на министри да отпочне пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија.
„Северна Македонија не само што продолжи со нејзината амбициозна реформска агенда, туку и постигна историски договор со Грција, решавајќи го долгогодишниот спор околу името. Ова заедно со билатералниот договор со Бугарија е пример како да се зајакнат добрососедските односи за целиот регион“, изјави Хан.












