Албанија не пречка за интеграција на Северна Македонија во Европска Унија, бидејќи оценката се прави врз основа на напредокот и обработеното, ова е оценката ја даде за весникот на албански јазик КОХА, екс-шефот на албанската диломатија Едмонд Панарити.
“Во рамките на евроинтегративниот процес, Албанија не е пречка за интеграцијата на Севрна Македонија во ЕУ, бидејќи оценката на секоја земја членка се прави врз основа на заслуженото. Гледајќи врз перспективата на рамнотежата во регионот и перспективите на нашите земји за нивниот диференциран или дискриминаторски третман, волјата на Европската комисија (ЕК) би било за истовремено отворање на разговорите за двете земји”, вели Панарити во изјава за весникот КОХА.
Сепак, додава тој, одредени држави имат посебни ствови за нашите земји.
“Холандија, на пример, е категорична кон Албанија, со ставот дека не треба да ѝ се даде датум за преговори, додека попозитивен став има кон Северна Македонија. Исто така, за двете наши земји сѐ појасна е и позицијата на Франција”, истакнува Панарити.
Според него, со неопределен датум за Албанија и Северна Македонија се зголемува можноста за руското или друго влијание во регионот.
Дестан Јонузи