• Latest

Адеми: За физичко присуство на јулската сесија, дури по донесувањето конкретен протокол

May 20, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Адеми: За физичко присуство на јулската сесија, дури по донесувањето конкретен протокол

May 20, 2020 14:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако одлучиме да им дадеме можност на високообразовните установи да организираат испити во јулската сесија со физичко присуство, тоа ќе биде по донесување конкретен протокол од страна на Владата, а предложен од Комисијата за заразни болести.

Ова е одговорот од министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес-конференција на новинарско прашање дали може ли да се организира безбедно одржување на јулската испитна сесија.

– Се уште е во сила уредбата со законска сила за примена на Законот за високо образование, каде е предвидена императивна норма дека може да се организираат испити, колоквиуми со средства за електронска комуникација, доколку високообразовната установа обезбеди технички услови за кредибилноста на процесот на оценување на студентите. Ние сме во постојана комуникација со високообразовните установи, така што и претходните денови и денеска и следните денови ќе бидеме во комуникација, така што секоја одлука треба да биде хармонизирана и да е во согласност со законските прописи, рече Адеми.

Тој нагласи дека во овој период кога имаме пандемија и вонредна состојба сите одлуки се мотивирани и водени од најдобар интерес за учениците, студентите, наставниците, професорите и оти навреме е усвоена уредба со законска сила со која се предвидува дека целата дејност во високообразовните установи ќе се организира и реализира со средствата за електронска комуникација.

Адеми потенцира дека и одржувањето на испитите, колоквиумите, одбрана на додипломски трудови, магистарски и докторски трудови, е одлучено од почетокот на вонредбата состојба да се организира онлајн, имајќи предвид дека секој ученик и студент треба да продолжи со образовната надградба и во овие околности.

Во однос на државната матура, Адеми информира дека на веб страницата за МОН се објавени  и календарот за организирање на учебната година за средните училишта и сите се известени кога ќе се организира државната матура само за оние ученици кои го завршиле средното образование во претходната учебна година и кои од една или друга причина не успеале да ја поминат државната матура.

– Сите ученици кои го завршиле нивното средно образование 2019/2020 година се ослободени од обврската да полагаат државната матура и завршниот испит, а ќе добијат диплома што ќе има вредност, како и дипломите издадени во претходните години, ќе имаат ист правен ефект и законска сила од аспект на запишувањето во високообразовните институции, појасни министерот Адеми.

Тој потсети дека учебната година завршува на 10 јуни преку средствата за електронска комуникација и целиот образовен процес, вклучувајќи го и оценувањето на учениците ќе се организира и ќе се спроведува преку средства за електронска комуникација.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ