• Latest
Границате меѓу Хуарез и Ел Пасо, Текссас, САД, за време на Доналд Трамп

Aдминистрацијата на Бајден формира работна група за враќање на децата разделени од нивните родители на границата со Мексико, Џил Бајден се приклучува кон напорите

January 28, 2021

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Aдминистрацијата на Бајден формира работна група за враќање на децата разделени од нивните родители на границата со Мексико, Џил Бајден се приклучува кон напорите

January 28, 2021 09:25
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Границате меѓу Хуарез и Ел Пасо, Текссас, САД, за време на Доналд Трамп

Границате меѓу Хуарез и Ел Пасо, Текссас, САД, за време на Доналд Трамп

Share on FacebookShare on Twitter

Планираната работна група на администрацијата на Бајден насочена кон обединување на децата кои биле разделени од нивните родители на границата со Мексико, како последица од политиките во ерата на Трамп, вклучува активно учество од првата дама, Џил Бајден, објави американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен.

Претседателот на САД, Џо Бајден и Првата дама, Џил Бајден

Џил Бајден ќе ја организира работата на источното крило во Белата куќа со задача да преземе активна улога во проектот за повторно обединување на семејствата. Нејзиниот интерес за оваа работна група е во силен контраст со однесувањето на поранешната прва дама, Меланија Трамп, која за прв пат беше во посета на пограничен објект за деца и семејства во Тексас во јуни 2018 година.

Немили сцени од разделувањето на родителите од децата на границата со Мексико, во периодот 2017-2018 година, врз основа на политиките на Доналд Трамп.

Своевремено, посетата на госпоѓа Трамп се случи среде острата јавна полемика околу концептот на поранешниот претседател за разделување на децата од родителите во семејствата кои ја преминуваа границата со САД нелегално. Тој своевремено го промовираше принципот на нулта толеранција за мигрантите и раздели голем број деца од нивните родители во оваа кампања. Меланија Трамп тогаш се појави со јакна со натпис на грбот: „Мене навистина не ми е гајле. Тебе?“ (I really don’t care. Do U?)

Меланија Трамп со натпис на јакната: „Мене навистина не ми е гајле. Тебе?“ (I really don’t care. Do U?)

Јакната на Меланија Трамп предизвика пренасочување на вниманието на јавноста, од политиката на Доналд Трамп, со што помогна да се создаде јавна перцепција за првата дама дека е незаинтересирана за ова прашање. Во интервју неколку месеци по нејзиното патување на границата, Меланија Трамп го нарече разделувањето на семејствата „неприфатливо“ и „срцепарателно“, но политиката на нејзиниот сопруг веќе го направи своето.

Немили сцени од разделувањето на родителите од децата на границата со Мексико, во периодот 2017-2018 година, врз основа на политиките на Доналд Трамп.

Претстојното учество на актуелната прва дама во ова прашање и работната група ќе дадат видливост на мисијата за повторно обединување на децата со нивните родители. Адвокатите сè уште не се во можност да дојдат до родителите на 611 деца, кои биле разделени од нивните семејства од страна на американските погранични службеници во периодот од 2017 до 2018 година. Министерството за правда, исто така, официјално ја укина политиката на Доналд Трамп во вторникот (26 јануари) во меморандумот до федералните обвинители.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Џил Бајден е особено погодена од нејзиното декемвриско патување во бегалскиот камп Матаморос, Мексико, во близина на Браунсвил, Тексас.

„Тоа не нè претставува нас како Американци. Ние сме гостопримлива нација, но тоа не е пораката што ја испраќаме на границата. Велиме: Стоп. Не влегувај“, изјави таа по двочасовната посета на кампот.

Највисоки претставници на Одделот за домашна безбедност, Одделот за здравство и Стејт Департментот се очекува да ја предводат работната група, информираат изворите на Си-Ен-Ен.

Се очекува работната група да биде објавена веќе кон крајот на оваа недела.

подготви: Дескот на ЦИВИЛ МЕДИА
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ