• Latest

Агресивното општество продуцира агресивна младина

August 17, 2019

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Агресивното општество продуцира агресивна младина

Во текот на 2018 година се регистрирани рекорден број на инциденти сторени од омраза, а ваквиот тренд продолжува и во 2019 година, каде што заклучно со јуни, евидентирани се вкупно 109 случаи.

August 17, 2019 10:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бунтовноста во пубертетот се смета како нормална појава. Но, според експертите, она што загрижува е тоа што насилноста на адолесцентите во последниве години е сѐ поизразена и се повеќе ги загрижува оние кои живеат со тинејџери. Од мало и мирно детенце, одеднаш родителите гледаат пред себе млад бунтовен човек со кога тешко можат да се справат, пишува МИА.

Пубертетот е период кога детето физички и психички се менува и прераснува во возрасна личност. Овој процес најчесто се одвива од 12 до 18 години. Она што најмногу ги загрижува родителите е психолошката трансформација на нивното дете.

Најважна е ситуацијата во семејството

Според начинот на изразување, агресијата  може да биде вербална и физичка. Самата адолесценција е период  во кој се јавува непријателско однесување, отворена агресија кон родителите и авторитетите.

„Сето ова е во насока, адолесцентот да се ослободи од различните видови на фантазија во односот кон нив. Адолесценцијата е период на криза и бунтовништво, период на проценка на носење одлуки и преземање одговорност  во процесот на созревањето“, објаснува психологот Милка Ололовска.

Според неа, причините за настанување на агресивноста се многубројни и тешко е точно да се одреди етиопатогенезата (причините) за настанување на агресивното однесување кај адолесцентите.

„Најважна е ситуацијата во семејството, односно каков е воспитниот стил на родителите. Ако тој е казнувачки, полн со забрани и критики, ако родителите агресивно се однесуваат или ги злоставуваат, децата ќе го усвојат нивниот модел на однесување и ќе го потиснат чувството на страв, болка и понижување, па така, и тие самите ќе развијат агресивно однесување. Учењето на агресивното однесување, опасностите  и секојдневната фрустрација ја зголемува можноста за агресивно реагирање на младите“, вели Ололоска.

За насилното однесување на адолесцентите виновни и медиумите

За насилното однесување на адолесцентите своја улога имаат и медиумите. Психологот Ололовска вели дека, неконтролираното влијание на медиумите предизвикуваат кај насилните млади да се намали чувството на емпатија, односно сочувство со оние млади кои се нашле во улога на жртви.

„Современиот стил на живеење, неквалитетното и кратко време минато со родителите, па дури и неквалитетната исхрана со која доаѓа до растење на адреналинот, сѐ заедно,  влијае врз развојот на агресивноста. Во адолесценцијата, нестабилните адолесценти, дестабилизирани од адолесцентните случувања во нив самите или дестабилизирани заради конфликтите со околината и другите, по правило чувствуваат недостаток на сигурност, самодоверба, самопочитување и инфериорност. Незадоволни се, често напнати, пречувствителни и многу ранливи. Неподнесувањето на тие состојби и доживувања предизвикува импулсивно рагирање и однесување, бунтовност, насилство и агресивност. Некои адолесценти од чувството на депресивност, безпомошност која им е неподнослива се бранат со разни форми на проблематично однесување. Што се однесува до групата на врсници, индивидуалното чувство на немоќ се заменува со чувство на сила и моќ на групата, особено ако групата е многу насилна. Младите се ретко индивидуално насилни. Агресивноста на јавно место е во група на врсници“, вели таа.

Негативните изјави да се заменат со позитивни

Ололоска потенцира дека адолесцентната агресивност мора да ја разбереме на комплексен начин.

„Родителите  треба да научат да ги заменуваат  негативните изјави како наредби и закани насочени кон децата со позитивни изјави. Во примената на казните заради одржување на дисциплината, а не заради казни, родителите мора да бидат доследни. Со адолесцентите треба да се разговара и кога со нив разговарате треба да ги третирате како рамни на себе. Со јакнење на емпатијата (сочувствување) подучување и почитување во емотивните реакции и со други психолошки техники може да се делува  врз одржување на контролата на агресивното однесување. Постапувањето со агресивната личност бара трпеливост и истрајност. Улогата на родителите е и во раното детектирање на потенцијалните форми на агресивно однесување и кон нив правилно и сензибилно однесување. Родителите, стручните лица, наставниците, заедно можат да придонесат во откривањето на причините за агресивно однесување и во нивно санирање“, вели Ололоска.

Таа објаснува дека пристапот кон овој проблем бара мултидисциплинарност. Според неа, младите низ постојана едукација, низ едукативни работилници треба да се едуцираат како да се стекнат со нови вештини, како што е на пример агресивното однесување сосема спротивно на агресивното.

„Потребно е да се стимулираат кон спортски активности, креативни изразувања. Проблемот така генерално можеби нема да се реши, но барем ќе се намали“, заклучува Ололоска.

Минатата година регистриран рекорден број на инциденти сторени од омраза

Во текот на 2018 година се регистрирани рекорден број на инциденти сторени од омраза, а ваквиот тренд продолжува и во 2019 година, каде што заклучно со јуни, евидентирани се вкупно 109 случаи.

„Бројот на инциденти извршени по основ на етничка припадност е алармантен и достигнува 64 проценти од сите регистрирани инциденти, а најзагрижувачки е податокот дека огромно мнозинство на жртви и сторители се млади лица“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму потенцираат дека делата од омраза не се случуваат во вакуум, тие се насилна манифестација на предрасуди која понатаму продира во пошироката заедница. Поради тоа, неопходно е да се зајакнат превентивните мерки, меѓу другото, со преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, со посебен фокус на децата и младите луѓе.

ЦИВИЛ: Државата и општеството не смеат да ги занемарат правата на децата!

„Актуелните дневно-политички случувања во земјата, не можат и не смеат да бидат изговор за непочитувањето на човековите права и слободи“, алармира ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Од организацијата велат дека општеството не смее да заборави на човековите права, а особено не може да си дозволи да ги занемари правата на децата! Државата, општеството, институциите, медиумите и родителите имаат обврска да работат заедно и да обезбедат максимални услови за развој и достоинствен, здрав и безбеден живот на децата и младите.

„Родителите, институциите, медиумите, јавните личности, сите заедно имаат обврска, со сопствените постапки, секојдневно да им даваат позитивни примери на децата и младите. Не смее никој да бега од одговорноста, туку да започне, секој со своите можности и ингеренции да гради здрави услови за живот и развој на децата и младите. Сега!“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

 


Ало педери, ни умре уште едно дете!

 

Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ