Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот Фејсбук профил упати апел до граѓаните за масовна вакцинација против ковид-19 и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена. Истовремено изрази длабоко сочувство до сите оние кои изгубиле некој член на семејството од овој подмолен вирус.
Ахмети нагласи дека тој, заедно со своето семејство се вакцинирани во мај, како единствен начин за справување со смртоносниот вирус „Ковид -19“.

Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Секојдневно добиваме сериозни вести од најблискиот круг, синоќа починаа членовите на моето семејство, братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка, братот на мојот пријател Невзат исто така.
Ве молим за грижа, одговорност и висока граѓанска, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се! апелираше Ахмети.












