• Latest

АЕК со нов систем ќе го мери квалитетот на интернет

January 3, 2018

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

АЕК со нов систем ќе го мери квалитетот на интернет

January 3, 2018 15:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) најавуваат дека напролет треба да стават во функција систем за мерење на параметрите на квалитетот на широкопојасен  пристап на интернет во фиксни мрежи, со што крајните корисници ќе бидат информирани за квалитетот на таа услуга. Тоа, појаснуваат од АЕК, значи дека секој поединечно ќе може да побара мерење на квалитетот на услугата од своја локација. 

Како што информираат од АЕК за МИА, паралелно со заокружувањето на набавката на опремата на системот  треба да биде изготвен соодветен правилник за методологијата за мерењето.

Освен моментална информација за квалитетот на услугата што ја добиваат, системот ќе овозможи анонимно споделување на овие информации со останатите корисници во Македонија и ќе обезбедува јавно достапни информации за квалитетот на мрежите на операторите во Македонија.

За тековните мерења што ќе ги врши регулаторот ќе изготвува редовни извештаи што ќе ги објавува јавно.

По стартот на услугата првично се очекува зголемување на бројот на поплаки за квалитетот на услугата од корисниците, но долгорочно таа треба да придонесе до поголем квалитет и прифаќање на утврдените параметри од АЕК како репер.

Според податоците од извештаите од вториот јавен состанок на АЕК, Одделот за решавање спорови од крајни корисници на ова регулаторно тело заклучно со третиот квартал лани постапувал по 842 приговора, за 141 помалку во однос на 2016-та кога имало 983 приговори. Најголемиот дел од приговорите се по основ на услуги во говор и интернет во мобилна телефонија, а седум проценти се за говор и интернет во фиксната телефонија. Најбројни се приговорите за територијата на Скопје, 63 проценти, по што следи Битола со девет проценти, Тетово со четири, Штип, Велес, Кичево и Куманово со по два процента…

На бројот 190 во Контакт центарот на АЕК имало 4.544 повици, како и 1.218 пораки. Аналитичкиот приказ според видот на повик покажува дека 39 проценти од обраќањата до Контакт центарот се реакција за износот на сметката, 25 проценти за лоша услуга, 24 проценти консултација за жалбена постапка.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АЕКИнтернетквалитеткрајни корисници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ