• Latest

Ајвар си е ајвар

October 22, 2018

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ајвар си е ајвар

October 22, 2018 13:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш до сега не сум анализирал
од каде доаѓа зборот Ајвар.
Мојата скромна претпоставка
ми вели дека се сочинува во неколку од буквите
сместени во зборот, кој пак означува,
печење и варење на пиперки.
АЈ да ВАР име.
Но ова не мора да значи дека е точно.

Периодов некако многу актуелна стана препевот на „Од када тебе волим“ на Бајага, која тој ја свири, а ја препева маестралната оперска певица Дивна Љубојевиќ. Јас сум од оние кои кога ќе им се бендиса една песна ја слушаат на рипит сигурно едно 3.600.900 пати. Округло. Така е и со оваа песна.

Војо Цветановски

Недела е. Во центар сум. Пеш дојдов до тука. Песнава ми свири од мобилен преку слушалки на рипит. Веќе саат време. Времево е уништено. Не можам да поднесам да бидам на вакво време, особено не надвор. Воопшто вакво време не можам да поднесам, ни внатре – дома кога сум. Но, морам да бидам тука, во центарот на градот. Зошто? Правам проверки на некои нови локации за следниот Статуафест. Сакам да променам некои работи кај фестивалот, па од тие причини и сум тука. Седам на оние кружни клупи на ул. Македонија. Сам сум. Живо пиле не прелетува во центарот на градот. Јас, далдисан во песнава и во новитетите за фестивалот чкрабам по тетраката, пишувам, цртам, правам скици, кинам листови, ги фрлам, ги враќам, пак ги фрлам, пак пишувам, пак цртам и одеднаш… ми ѕвони телефонот. Гледам. Татко ми. Ми јавува дека купил црвен пипер.

„Има 20 кила и за вас. Ако сте заинтересирани да правите ајвар зимава дојди да си ги земеш. Денес“.

Знам дека не ме вика за ајварот. Ме вика да види како сум, во овие тешки времиња за сите нас. Се разбира, сакам и јас да ги видам нив. Ми недостасуваат многу. Сакам со татко ми да разговарам долго и на конкретни теми, тој е многу рационален и мудар човек. Многу. Особено сега сакам да разговарам со него, тој и тоа како има што да каже за сево ова. Ајварот, но и желбата да ги видам татко ми и мајка ми уште повеќе ми дава мотив да појдам денес да видам како се. Му одговарам:

„Е, како нема да правиме ајвар. Баш вчера зборевме за тоа“.

„Одлично. Ајде доаѓај, те чекаме со мајка ти“, ми одговара.

„Еве тргам одам“, возвраќам.

Инаку, драги другари, јас многу сакам да јадам ајвар, како и поголемиот дел од сите нас кои живееме, тука, во оваа држава, Македонија. И, искрен да бидам, многу сум среќен кога јадам ајвар, дури и во лето кога го јадам, напротив, тогаш дури ми е поинаков од вообичаеното, во смисла – убав, иако експертите за ајвар би рекле дека тогаш не му е сезоната. „Тие не го разбираат ајварот“ знам да му кажам на оној кој е со мене во тие моменти додека јадеме заедно ајвар. Но, сега еве без преправање, особено, подвлекувам особено сум среќен кога јадам ајвар во есен или зима, тогаш кога според експертите му е сезоната. Мојата девиза до сите е: Јадете ајвар секогаш. 12/ 24/ 365/ ; 24/ 7. Така се сака вистински ајварот. Е, сега, да сме на јасно и малиџано сакам да јадам и лутеница, но, ајвар си е ајвар, кој што сака нека каже.

Одам пеш низ центарот на Скопје со мислите кон ајварот. Кај градска сум, спроти зелено пазарче. Продолжувам право и стигам до семафорите. На Југодрво одам да фатам автобус. Преминувам преку раскрсницата и покрај зградата на црвен крст одам надолу кон автобуска. Гледам во ѕидот. На оној ѕид на кој во неколку години му се менуваа најразлични пораки. Еден од нив беше поврзана и со ајварот. Бурек – да, ајвар –не! Ви текнува?

Денес на овој ѕид пишува нешто друго, нешто ново, нешто политичко. Според мене некои тешки глупости. Ако нешто ме вадело од кожа и сум се гадел од него, тоа биле политички натписи по градските ѕидови. За жал, последниве петнаесетина години многу повеќе политички натписи (нема да ги наречам графити бидејќи тоа за мене не се графити) се појавија по скопските ѕидови. Многу помалку има графити со суштинска порака. Се разбира, чест на исклучоците. На пример, еве да не биде дека само лаам, многу ми се допаѓа оваа нова инцијатива која се случи со мурлаите под ГТЦ, пееска кај што ја вратија да проаѓа. За тоа, БРАВО другари!

Стигам на автобуска. Празно е. Празен е градов во недела, особено во ваква недела. По дваесетина минути стига автобус. Се качувам во него. Седнувам некаде кон крајот. Пред мене седи човек кој веќе зборува на телефон. Прилично е гласен. Веројатно сака да биде слушнат. Јас, сакал – нејќел принуден сум да го слушам неговиот разговор, односно да слушам  еднонасочен разговор (монолог). Го слушам само она што тој го говори.

Во автобусот сме сами. Шоферот, тој и јас.

– … да, да, да … (Пауза.) Колку долго време се боревме и уште се бориме за да сфатат сите во оваа држава што значи да живееме заедно сите во неа, заедно да размислуваме, само и само како да зачекориме напред, ти текнува ли колку долго? … (Пауза.) Мене, искрено, брат, многу ми е сево ова смешно … (помала пауза.) Па тоа што не можам да сфатам како нашиве луѓе толку многу одеднаш се закрвавија меѓусебно и како … (Пауза.) Да, да. Си приметил ли дека одеднаш почнаа да им сметаат сите оние со кои до вчера заедно, односно, не до вчера, цел живот заедно живеевме тука. Албанците, Бошњаците, Турците … (Пауза.) Да, бе брат, ама тие луѓе тука се од памти век и сега одеднаш ќе се делиме на наши и ваши. Па пола Скопје, односно пола Македонија, се и во кумства и збратимени меѓусебно … (Пауза.) Да бе, тука во Скопје јас знам најмалку пеесет такви кумски врски … (Пауза.) Чекај, чекај, ми ѕвони втора линија. Одма се враќам. Жена ми е. Биди на линија …

Човекот је менува линијата.

– Ало, ej … (Пауза.) Еве бе на пазар сум, гужва е … (Пауза.) Да, да, купив се’, уживај … (Помала пауза.) Не, не, немаше ајварки. Се потрошиле, што да правам … (Пауза.) Знам, знам, знам дека од утре се 90 денари кило. Ајде еве сум сега уште малку на автобуска ќе стигнам и за саат – два сум дома … (Пауза.) Ајде чао … (Помала пауза.) Да, да и јас тебе.

Ја враќа старата линија.

– … еј, еве сум. Тука си … (Помала пауза.) Е, ова сакав да ти кажам. И сега одеднаш почнува, ова околу тензииве меѓу луѓево, што зборевме пред да спуштиме … (Помала пауза.) … е, да. Друже, толку многу ужасно мириса, што мислам дека некој пак сака тензии да прави, најозбилно … (Помала пауза.) … а бе, слушај, да има прозор кој може да се отвори за да се пролуфтира државава ми се чини дека ќе биде потребно едно десет години луфтирање за на раат да почнеме да дишеме, ко луѓе … (Пауза.) Не, па најозбилно, како бе одеднаш така, пак почнавме да си сметаме едни на други. Второ, еве завчера во парламент помина договоров, така? … (Помала пазуа.) Не, не, нема да зборам за политика, не се секирај, но, што сакам да кажам. Што не е јасно во целава приказна. Слушај, слушај. Стварно не можам да сфатам уште колку години ни се потребни за да сфатиме дека друг излез нема, не постои, дека ова е најдоброто решение, дека ова е патот по кој мораме да тргнеме напред, дека компромис мораше да се направи. Како за нас, така и за нив, ова е осетливо прашање. Во Њујорк 1993 се стави привремена референца на нашата држава за да можеме да бидеме дел од ОН и за најбрзо време да се направи компромис од двете страни. 25 години ние живееме во референца. 25 години си привремен, поранешен. На тоа мораше да му дојде крај. Еве сега ќе се смени конечно. Јас лично овој договор го доживувам како, пред се’ човечка постапка, а не политичка. Човечка, во смисла дека на некого конечно му стана јасно дека и во оваа земја живеат луѓе кои се од крв и месо и дека и тие се гладни и жедни за подобро утре, за подобар живот, за насмевки, за љубов и дека треба да им се даде можност истите да живеат нормално. Ете, јас така го доживувам ова, а не како некој нас нешто да ни зел или ние некому нешто сме му одзеле. Па во кое време живееме. И едните и другите сме во комплетен аут. Особено ние. Само се прашувам, уште колку време ќе ни биде потребно да се убедиме меѓусебно дека ова е за доброто на целиов регион. Најмногу за нас. Ние најмногу ќаривме од сето ова. И на крајот од краиштата, еве завршувам со ова, уште колку години ќе ни бидат потребни да ги убедиме нашиве луѓе дека треба да се приклучиме кон космпополитизмот, кон широкогледоста, кон светската цивилизација, кон разбирањето едни за други, кон подавањето на рака, уште колку години ќе ни бидат потребни да го исклучиме национализмот од нашиот сетап и да тргнеме со сета сила напред кон подобро утре за сите нас. Еве, знаеш ли ти, кажи ми, те молам?

На ред дојде и автобуската на која јас треба да слезам. Слегов од автобусот. Се завртев да видам кој е човекот. Не го познавам. Вратите од автобусот се затворија. Ме погледна во очи преку затворените врати на автобусот и ми намигна. Автобусот полека замина.

Дојдов кај моите. Мајка ми ме пречека во ходник. Ѕиркам во дневна. На масата веќе сервира е ручекот. Гледам и две тегли ајвар има на масата. Домашен. Сигурно едниот лут, другиот благ.

„Ајде влагај. Пери раце и седи на маса. Сега и сестра ти ќе дојде да ручаме сите заедно денес. Ајварот е од вчера, уште е тазе. Татко ти отиде кај Маче да земе тазе – врел леб, имаме и сирење од бачило, Најдо комшијата го донесе, од Гари. Прсти да излижеш ќе биде ручеков. Него, виде што се деси во парламент во петокот?“.

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Print Friendly, PDF & Email
Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ