• Latest

Пријава на Јакимовски за сменети брави во архива и Комисија за јавни набавки

October 19, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пријава на Јакимовски за сменети брави во архива и Комисија за јавни набавки

October 19, 2017 14:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера пријавил во полиција дека вработен во администрацијата ги променил бравите на просториите на архивата и на Комисијата за јавни набавки. Ова се случува по упадот на полицијaта, кога пред два дена контролираа што се изнесува од општината. Јакимовски по контролата на полицијата изјави дека од општината изнесувал лични работи, како што се фотографии и пехари.

„Сите документи, сето она што е важно за локалната самоуправа се наоѓа во архивата, а згора на тоа Општина Карпош има електронска архива и ништо такво не може да се најде кај градоначалникот на Општина Карпош или кај било кој друг градоначалник, во било која друга општина. Во исто време сакам да им кажам дека непотребните работи ќе бидат фрлени во тие контејнери тука, така што можат слободно да пребаруваат, да бараат тоа што за нив ќе биде интересно“, додаде Јакимовски.

„Вчера во 14.40 часот, С.Ј., градоначалник на Општина Карпош, го пријавил А.З. вработен во администрација во Општина Карпош, дека без никакво овластување и знаење ги земал клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и во текот на изминатото деноноќие неовластено ги променил бравите, при што општинската администрација нема увид и пристап до архивата и Комисијата за јавни набавки на општината“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

ЦИВИЛ Медиа во неколку наврати во текот на денот се обиде да стапи во контакт со Општина Карпош, меѓутоа нашите обиди беа неуспешни бидејќи никој не креваше на телефон.

Tags: архиваопштина Карпошсменети бравиСтевчо Јакимовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ