ЗОРАН ИВАНОВ
Од познати причини ретко се согласувам со премиерот но еве сега, поводно на денот празник, му давам силна поддршка на неговата порака и покана за обединување, додуша не ми е баш јасно за и околу што да се обединиме, претпоставувам не мислеше на обединување околу најавата за оној флуиден документ за 2050 година, не умри магаре за зелена трева за таквите идеи вели народот, освен ако не пледираше на обединување за ЕУ, за условот со уставните па натаму за реформите, за тоа да, и тоа со сиот елан бидејќи триесет години ништо за тоа не сторивме и одамна е сосема јасно дека да сториме самите не можеме туку дека ни е нужна непосредна, нај директна помош од европските бирократи, контролори на нивните пари и на нашиот буџет, на тендерите, мендерите и на сличните наши овдешни кримо коруптивни мајмунлоци и, затоа, поддршката во оваа една реченица е во насока да се обединиме за рамката каква, таква, да ги почнеме ЕУ преговорите, да ги испревртиме состојбите во правосудството, во администрацијата, во образованието, во здравството, да ја ичистиме државата од ѓубрето насекаде, ајде така и до подобар економски и социјален амбиент, па, ако на тоа мислеше премиерот, на такво и околу тие вредности обединување тогаш, ајде да дообјасни, да појасни на што точно целеше, на какво тоа обединување мислеше, ако мислеше на обединување околу неговите партиски визии за изолирана Македонија, ако мислеше на обединување за ваква сиромашна и со најнизок БДП во регионов Македонија, тогаш, тогаш – ништо од бизнисот.