Здружението Центар на активни граѓани АКТИВО Велес, денеска организираше јавен настан во Градско со цел да ги мотивираат жените од руралните средини да се вклучат во креирање на лакални политики.
Повеќе од 80 жени од селото Градско беа мотивирани да ги искажат потребите кои ги имаат во локалната заедница со цел да ја направат подобро место за живеење. Споделените потреби од жените Активо ќе ги достави до локалната самоуправа за да ги има во вид при креирање на годишните програми за работа за следната година.
„Јавни настани Активо во изминативе две недели одржа и во општините Чашка, Росоман и Горно Оризари. На настаните им претходеше истражување за состојбата на жените во рауралните средини преку фокус групи. Активо одржа и работилници во мај и јуни на кои се разговараше за конкретни потреби на жените. Една од првите цели за кои се разговараше беше воспоставување на механизам за соработка меѓу жените и општините. Исто така воспоставивме и топ три приориети, што самите учеснички ги одредија преку гласање, а еден од приоритетите ќе го застапуваме пред општините за да влезе во нивната програма за следната година. Во септември планираме средби со претседателите на месните заедници со кои ќе разговараме за поголема вклученост на жените. Досега со проектните активности се опфатени повеќе од 300 жени“, изјави проектниот координатор Дејан Ристов, Активо.
Планот е да се поддржат и четири иницјиативи за интервенција на јавниот простор во овие заедници, што всушност е обврска на самите општини.
Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.
Б. Ј.