• Latest
bty

Алатката за отчетност на трошењата претставена во ЗЕЛС

May 21, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алатката за отчетност на трошењата претставена во ЗЕЛС

May 21, 2018 14:01
in ВЕСТИ
bty

bty

Share on FacebookShare on Twitter

Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции што ја применува Владата веќе извесен период би можела наскоро да се применува и од страна на Единиците на локалната самоуправа.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов по денешната средба со министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски на која му била презентирана оваа алатка, оцени дека од неговото досегашно искуство, средби со колегите од општините и работата во телата и органите на Заедницата, постои генералната заложба на сите локални власти за транспарентно работење, отчетност за сработеното, но и за потрошеното.

– Од тој аспект несомнено е дека го прифаќаме и овој начин на одговорност пред нашите граѓани за трошењето на нивните пари. Се разбира за сето ова наскоро ќе дискутираме во рамките на Управниот одбор на ЗЕЛС, но би сакал да истакнам дека исто како и Владата така и ЗЕЛС може да даде препораки на општините, бидејќи станува збор за единици на локална самоуправа, односно посебна власт со свој Совет кој носи локални одлуки, рече Шилегов.

Министерот Поповски изрази надеж дека препораката ваквиот вид на отчетност и транспарентност за трошењата на функционерите кои имаат можност да располагаат со парите на граѓаните ќе биде применета на ниво на локалната власт.

– Транспарентноста е многу значајна, 11 години во Македонија се молчеа информациите. Препораката на оваа Влада, но и нејзината стратегија е дека транспарентност во однос на владеењето е суштина на секоја власт. Ние ги поставуваме стандардите на политичко однесување во Република Македонија и верувам дека луѓето во ЗЕЛС и Управниот одбор сето тоа ќе го прифатат и активно ќе го применуваат, рече Поповски.

Тој најави дека алатката ќе биде препорачана за примена и кај првиот човек на државата и во правосудните органи со што би се заокружил односот на отчетност и отвореност кон граѓаните.

Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавни функции би се применувала за градоначалниците, секретарите на општините и претседателите на општинските совети. За сите градоначалници кои ќе се согласат да ја применуваат заедно со Владата ќе бидат одржани посебни обуки.

Алатката за транспарентност како обврска ја користат премиерот, министрите, замениците-министри, државните секретари и директорите и замениците-директори на јавни претпријатија. (МИА)

Tags: алаткаЗЕЛСотчетност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ