Концептот јас би го завртел малку и би почнал со една ретроспектива за да ни биде на сите јасно каков е овој процес и што се случува околу него.
„До изборите во 2006, во нашата држава имаше за секој тип избори различен закон. По иницијатива на МОСТ во соработка со странски и домашни институции, успеавме да го синхронизираме и синергизираме законодавството и од тие закони да направиме еден и го крстивме изборен законик.
Сега сме 2021 и тој изборен законик претрпел многу. Повеќе од 70 проценти од неговата содржина е сменета. Ние имаме една пракса, ако се менува нешто повеќе од 30 проценти, всушност треба да се напише нов. Пишувањето нов законик е техничка работа.
Се зголемува институционалниот капацитет а со тоа и политичката волја за инклузивност на некој процес. Тоа е една придобивка од растењето и развивањето. И можам да кажам дека имаме институции кои можат да одговорат на ова.
Не велам дека не треба да не го мониторираме процесот, мора секогаш да сме внимателни, но имаме закани од дезинформации кои можат и те како да влијаат врз изборниот процес и сериозно да го оштетат процесот и да ја намалат довербата на истиот. Исто имаме и со хибридните закани и злонамерно мешање на други држави во изборниот процес. Процесот како процес нема веќе закани. Гледаме што се случува и има транспарентност. Но ова што тешко се фаќа и се гледа, ќе претставува огромна закана за изборите. Кога ќе ги сублимираме работите, заклучуваме дека растеме, се развиваат работите, последниве години одат во една правилна насока, но треба да се продолжи со работа и да се има трпение“, истакна извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“