• Latest

Алокохолот повторно ќе се продава навечер, досегашните рестрикции без ефекти

May 27, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алокохолот повторно ќе се продава навечер, досегашните рестрикции без ефекти

May 27, 2018 10:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Алкохолот во продажната мрежа ќе биде достапен за купување без ограничување. Со законски измени се укинува временото ограничување за купување алкохол во продавниците, кое беше воведено пред десетина години. Иницијативата е на бизнис заедницата, а поддршка доби од Владата и треба да го помине последниот филтер – Собранието. Граѓаните позитивно реагираат на предложените измени и слободната продажба на алкохолот без временско ограничување.

– Укинувањето на временските ограничувања за купување алколхол е позитивно бидејќи продавањето алкохол нема никогаш да се спречи. Луѓето, без разлика на возраста, ако сакаат да конзумираат алкохол, секогаш ќе најдат од каде да купат, вели седумнаесетгодишниот скопјанец А.М., кој раскажува за своето искуство со можноста за купување алкохол на малолетници во главниот град по 19 часот во зима и 21 часот во лето.

Алкохол

Кога сакавме да пиеме алкохол, претежно пиво или вино, вели тој, одевме во продавнички каде што после 21 часот илегално можевме да купиме.

– Во центарот на градот имаше околу шест – седум маалски локални продавнички кои продаваа алкохол, вели тој. Но, додава А.М., низ цело Скопје има вакви маалски продавници каде после забраната може да се купи алкохол, а малолетниците најчесто не ги враќаат.

Минатата недела беше најавено укинување на временските ограничувања за купување алкохол, но не и на лиценците кои беа воведени пред осум години. Ова искажување на овој млад скопјанец, пак, укажува дека освен овие мерки, институциите ќе треба да ги интензивираат инспекциите и да се казнуваат сопствениците и продавачите кои дозволуваат малолетници од кај нив да купат алкохол.

Владата на седницата во првата недела на мај најави измени на Законот за трговија, кои наскоро треба да влезат во собраниска процедура. Се предвидува укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.

Продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму ќе може да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата. Ќе се дозволи продажба на алкохол и во киосците.

Алкохол

Која е причината за укинување на временото ограничување на продажба на алкохол? 

Стопанската комора на Македонија во јули 2017 година до Владата достави барања за измени на Законот за трговија со кои, меѓу другото, бараше укинување на временото ограничување на продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата по 19, односно 21 часот и на лиценцата, која чини 20.000 денари за малопродажните трговски објект за две години, а за компаниите со над три продажни објекти 20.000 денари плус 0,05 отсто од вкупниот годишен  промет. И покрај барањата на коморите и трговците, Владата одлучи да го тргне само временото ограничување и да го прошири опфатот на објекти каде што ќе се продава алкохол, но не и да ги укине лиценците.

Трговците сакаат целосно укинување на лиценците, додека прехранбениот сектор изземање на пивото и виното.

Здруженијата за трговија и Групацијата за производители на алкохолни, безалкохолни пијалаци и вода при СКМ повеќе пати во изминатите години укажуваше дека со ограничувањето на времето за купување алкохол и со лиценцирањето, се нанесува голема финансиска штета на малопродажните трговски фирми, на компаниите за трговија на големо, како и на компаниите од домашната индустрија за производство на ваков вид пијалаци, што негативно се одразува на нивниот развој и предизвика намалување на бројот на работни места.

Според показателите на комората, само во првите три години од воведувањето на забраната, вкупната загуба во буџетот на државата од ненаплатени акцизи и ДДВ од регистрираниот пад во домашната пивска индустрија е поголем од 14 милиони евра.

Државата сега од алкохолот на трговците им зема пари по три основи и тоа за лиценци, за ДДВ од 18 отсто, како и од акцизата која се пресметува според степенот на присуство на алкохол во пијалокот и количината. Со предлогот за укинување на ограничувањето на времето за продажба на алкохол, како што коментираат експертите, во добивка ќе бидат не само граѓаните, туку и државата бидејќи се продолжува времето за купување алкохол.

Во изминатите години, според комората, нанесена е и голема финансиска штета на производителите на вино, како и на винската индустрија во земјата, која заедно со лозарството, создава и до 20 отсто од годишниот БДП остварен во земјоделството и обезбедува егзистенција за околу 30.000 производители на грозје, на над 12.000 сезонски работници и на повеќе од 2.000 вработени во домашните винарници. Се бележи и намалување на продажбата на вино за повеќе од 10 отсто на годишно ниво.

Според сознанијата што СКМ ги доставила до Владата, ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа директно го стимулирала производството и трговијата со алкохолни пијалаци „на црно“, за кои не се плаќаат акцизи и даноци и кои се широко достапни за целокупното население, вклучувајќи ги и најмладите.

Еден од главните аргументи за воведување на овие рестрикции во продажбата на алкохолни пијалаци беше да се намали консумацијата на алкохол во земјата, особено кај младите. СКМ во предлогот се повикува на извештај на Институтот за јавно здравје од 2016 година, во кој се констаира дека консумацијата на алкохол за денес не е само појава кај возрасните лица, туку и кај младите луѓе чиј број од ден на ден станува се поголем.

Од таму нагласуваат дека во изминатите девет години од примената на оваа рестриктивна законска регулатива, не се понудени никакви емпириски докази дека таа остварила какво било влијание врз евентуално намалување на алкохолизмот во Република Македонија.

Вино

Нема докази дека ограничувањето за купување алкохол влијаело врз намалувањето на алкохолизмот

И од Министерството за економија истакнуваат дека по однос на ефектите и  целите кои требаше да се постигнат со ограничувањата во продажбата на алкохолни пијалоци, нема докази дека со истата се остварени какви било влијанија врз евентуалното намалување на алкохолизмот во Република Македонија. Исто така, оценуваат, точно е дека Република Македонија има пониска стапка на консумација на алкохол по глава на жител во однос на другите земји во светот.

Статистичките податоци за потрошувачката на мало во Република Македонија покажуваат дека во 2015 година потрошувачката на алкохолни пијалоци изнесува 2.970.766.000 денари и тоа пиво 1.517.093.000,00 денари, вино 752.889.000,00 денари и други жестоки пијалоци 700.784.000,00 денари. Ако истата се спореди со потрошувачката на мало на алкохолни пијалоци во 2009 година од Министерството за економија велат дека ќе се види оти потрошувачката на алкохолни пијалоци е зголемена за 33,7 отсто, што од прилика е соодветно на зголемувањето на цените на истите во овој период. Потрошувачката на пиво е зголемена за двојно повеќе, односно за 79,2 отсто, потрошувачката на вино е двојно намалена, односно за 19,3 отсто, што укажува на евентуален пад на потрошувачка. Потрошувачката на други жестоки пијалоци е намалена за шест отсто.

Слични се податоците на Државниот завод за статистика за потршувачката на големо на алкохолни пијалоци. Вкупната потрошувачка на големо на алкохолни пијалоци во 2015 година во однос на 2009 година е намалена за 11,8 отсто, при што најголемо е намалувањето кај виното 56,2 отсто и кај жестоките пијалоци 33,4 отсто. Кај пивото потрошувачката на големо е зголемена за 3,8 отсто.

Алкохол

Од Министерството за економија посочуваат дека може да се констатира дека ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци има мало влијание врз намалувањето на увозот на алкохол и во намалувањето на нивната потрошувачка.

Потенцираат дека со рестриктивните одредби од Законот најпогодени се домашните производители на алкохолни пијалоци, од причина што намален е бројот на продажни објекти преку кои го вршат својот пласман, како и периодот на продажба особено во руралните средини.

Елизабета Вељановска Најдеска

Сузи Котева Стоименова

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Алкохолнавечерпродавањесе укинува
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ