Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 1149 ден од почетокот на целосната инвазија, во објава на Х и се заблагодари на пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова за поддршката на кампањата на Меѓународната коалиција за враќање на насилно депортираните украински деца од страна на руската федерација.
Ден 1149. Благодарам на пратеничката во @SobranieRSM, Моника Зајкова, за приклучувањето кон кампањата #ChildrenAreNonNegotiable во поддршка на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца насилно депортирани од страна на руската федерација.#BringKidsBack@MFA_MKD pic.twitter.com/OsXj93upiK
— Larysa Dir (@dir_larysa) April 17, 2025
Ден 1149. Благодарам на пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија, Моника Зајкова, за приклучувањето кон кампањата #ChildrenAreNonNegotiable во поддршка на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца насилно депортирани од страна на руската федерација. #BringKidsBack, напиша амбасадорката во објавата.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во средата го објави започнувањето на меѓународната велигденска кампања насловена „Децата не се за преговарање“, чија цел е да се подигне свеста за украинските деца киднапирани од Русија.
Од почетокот на целосната инвазија, Русија презема „систематски чекори за бришење на украинскиот идентитет, киднапирајќи ги децата, превоспитувајќи ги и сместувајќи ги во руски семејства.
Претходните извештаи велеа дека 1.269 деца нелегално депортирани или раселени од Русија веќе се вратени на територијата под контрола на Украина.
Д. Мишев