Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х на 1254 ден од руската војна во Украина објави за масивниот напад на руските агресори со беспилотни летала и ракети врз Кијив во текот на ноќта на 31 јули, при што загинаа најмалку шест лица, и маше голем број повредени.
Ден 1254. рф ноќеска истрела 309 дронови и 8 ракети врз цивили, додека луѓето спиеја. Ракетниот напад врз станбена зграда во Кијив беше извршен во 4:47 наутро, по постојаните дронски напади. Меѓу загинатите има и 6 год. дете. Убиците не смеат да добијат време за убиства, порача амбасадорката Дир во објавата на Х.
Ден 1254. рф ноќеска истрела 309 дронови и 8 ракети врз цивили, додека луѓето спиеја.
Ракетниот напад врз станбена зграда во Кијив беше извршен во 4:47 наутро, по постојаните дронски напади. Меѓу загинатите има и 6 год. дете.
Убиците не смеат да добијат време за убиства. pic.twitter.com/nMvtfS1C5p— Larysa Dir (@dir_larysa) July 31, 2025
Како што објави претходно ЦивилМедиа, во синоќешниот рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, додека 52 беа повредени. Напади имаше и врз други градови и области низ Украина.
Д. Мишев