• Latest
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца

December 4, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца

December 4, 2025 16:01
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Share on FacebookShare on Twitter
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х се заблагодари на Северна Македонија и на МНР за поддршката на резолуцијата на ГС на ООН за враќање на киднапираните украински деца.
Враќaњето на децата не е прашање на политика, туку на емпатиja и заштита на човековите права. Досега дома успеаја да се вратат 1.859 украински деца од вкупно 19.546. Им сме благодарни на Северна Македонија и на @MFA_MKD за поддршката на резолуцијата на ГС на ООН „Return of Ukrainian Children“, пишува амбасадорката Дир.

Враќaњето на децата не е прашање на политика, туку на емпатиja и заштита на човековите права. Досега дома успеаја да се вратат 1.859 🇺🇦 деца од вкупно 19.546. Им сме благодарни на 🇲🇰 и на @MFA_MKD за поддршката на резолуцијата на ГС на ООН „Return of Ukrainian Children“. 🇺🇦🤝🇲🇰 pic.twitter.com/CDzPp69etO

— Larysa Dir (@dir_larysa) December 4, 2025

Генералното собрание на ОН на 3 декември одобри резолуција со која се бара враќање на сите украински деца кои биле нелегално депортирани од Русија, при што 91 земја гласаше „за“ и 12 „против“.

САД ја поддржаа резолуцијата, додека Русија, Белорусија и Иран гласаа против неа. Педесет и седум земји, вклучувајќи ги Кина, Индија и Бразил, се воздржаа од гласање.

Од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина идентификуваше над 19.500 деца кои биле нелегално префрлени во Русија, Белорусија или територии окупирани од Русија. Помалку од 1.300 се вратени.

Од декември, Украина обезбеди ослободување на 1.859 украински деца, изјави првата дама Олена Зеленска.

„Нема да има праведен мир во Украина без безусловно враќање на украинските деца. Оваа резолуција не е за политика. Станува збор за хуманост“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Маријана Беца на дебатата на Генералното собрание на ОН.

Во документот се бара Русија да ги врати сите украински деца кои се насилно раселени или депортирани од 2014 година. Исто така, се повикува на прекин на понатамошните депортации, разделбите на семејствата, промените во државјанството, посвојувањата, згрижувањето и идеолошката индоктринација.

Д. Мишев

 

Tags: враќање на киднапирани украински деца од Русијарезолуција на ОНукраинската амбасадорка Лариса Дир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ