• Latest
Фото: Скриншот од видео на
DRM News

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон Њујоршката декларација со која се осудува руската агресијата врз Украина

September 26, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон Њујоршката декларација со која се осудува руската агресијата врз Украина

September 26, 2025 15:38
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МРЕЖА
Фото: Скриншот од видео на
DRM News

Фото: Скриншот од видео на DRM News

Share on FacebookShare on Twitter
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, објави пост на Х по повод приклучувањето на Северна Македонија кон Њујоршката декларација усвоена на Петтиот самит на Меѓународната Кримска платформа во седиштето на ОН со која се осудува агресијата на Руската Федерација против Украина.

Обновувањето на територи-от интегритет на 🇺🇦има големо значење за обновува-то на авторитетот на Повелбата на ОН
Благодарам на 🇲🇰 за приклуч-то кон Њујоршката деклара-ја https://t.co/3EwynPWs8T, која ја потврдува поддрш-та на напорите насочени кон воспоставување праведен мир во 🇺🇦

— Larysa Dir (@dir_larysa) September 26, 2025

„Обновувањето на територијалниот интегритет на Украина има големо значење за обновувањето на авторитетот на Повелбата на ОН. Благодарам на Северна Македонија за приклучувањето кон Њујоршката декларација https://surl.li/fmlhsm, која ја потврдува поддршката на напорите насочени кон воспоставување праведен, сеопфатен и одржлив мир во Украина, “ напиша Дир на Х.

Во соопштението издадено од украинската амбасада се вели дека Њујоршката декларација беше усвоена на 24 септември 2025 година на Петтиот самит на Меѓународната Кримска платформа во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, САД, и во неа се наведени следните точки:

  1. Ние, претставниците на државите — членки на Обединетите Нации и меѓународните организации, се собравме на 24 септември 2025 година во Њујорк, во рамки на Неделата на високо ниво на 80. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации — што воедно ја одбележува и 80-годишнината од основањето на Обединетите Нации — за да ја потврдиме нашата непоколеблива посветеност на целите и принципите утврдени во Повелбата на Обединетите Нации.
  2. Овие цели и принципи остануваат вечни, универзални и незаменлива основа за помирен, побогат и поправеден свет.
  3. Ние потсетуваме на обврските на сите држави согласно член 2 од Повелбата да се воздржуваат во своите меѓународни односи од закана со сила или нејзина употреба против територијалниот интегритет или политичката независност на било која држава, или на кој било друг начин што не е во согласност со целите на Обединетите Нации, како и да ги решаваат своите меѓународни спорови со мирни средства.
  4. Повторно потврдуваме дека ниту едно територијално стекнување што е резултат на закана со сила или нејзина употреба нема да биде признаено како законско.
  5. Го истакнуваме доследниот и принципиелен став на Генералното собрание на Обединетите Нации во одбраната и застапувањето на овие принципи, што е одразено во бројните резолуции усвоени од овој најрепрезентативен орган на ОН.
  6. Ја осудуваме агресијата на Руската Федерација против Украина, што претставува прекршување на член 2 (4) од Повелбата, која започна со обидот за анексија на Автономната Република Крим и градот Севастопол.
  7. Исто така ја осудуваме трајната привремена окупација од страна на Руската Федерација на дел од територијата на Украина, вклучително и Автономната Република Крим и градот Севастопол, како и на поединечни делови од Херсонската, Запоришката, Донецката и Луганската област, и повторно го потврдуваме непризнавањето на нивниот обид за анексија.
  8. Ја потврдуваме нашата посветеност на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, вклучително и територијалните води.
  9. Се повикуваме на сите релевантни резолуции на Генералното собрание на ОН, усвоени од 2014 година како одговор на нарушувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучително и оние што се однесуваат на состојбата со човековите права на привремено окупираните територии на Украина, особено во Автономната Република Крим и градот Севастопол, како и проблемот со милитаризацијата на Крим, како и делови од Црното и Азовското Море.
  10. Длабоко сме загрижени што одредбите од овие резолуции и други релевантни одлуки и завршни документи, усвоени во мултилатерални формати, не беа спроведени од страна на Руската Федерација.
  11. Ја осудуваме повредата и злоупотребата на нормите на меѓународното право во областа на човековите права и меѓународното хуманитарно право, извршени од руските окупациски власти против жителите на Крим и другите привремено окупирани територии на Украина, што опфаќаат, меѓу другото, насилни исчезнувања, присилни преместувања и депортации, вклучително и на деца, произволни притвори, тортура, дискриминација на Украинците, коренитиот кримскотатарски народ и лица кои припаѓаат на други етнички и верски групи.
  12. Повторно нагласуваме на нашето барање Руската Федерација веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои вооружени сили од територијата на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, како и нашето барање за веднаш прекинување на непријателствата од страна на Руската Федерација против Украина, вклучително и сите напади насочени против цивилното население и цивилните објекти.
  13. Ја изразуваме нашата поддршка на напорите насочени кон постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина согласно Повелбата на Обединетите Нации, вклучително и принципите на суверена еднаквост и територијален интегритет на државите. Подготвени сме конструктивно да се вклучиме во соодветни дипломатски напори, консултации и формати на координација, како што е Меѓународната Кримска платформа.
  14. Прекинувањето на агресијата на Русија и обезбедувањето на праведен и траен мир во Украина е неопходно не само за обновување на територијалниот интегритет на Украина, туку и за заштита на меѓународното право, зајакнување на глобалниот мир и безбедност и зачувување на авторитетот, довербата и основните принципи на Обединетите Нации.

Д. Мишев

Tags: Њујоршка декларацијаукраинската амбасадорка Лариса Дир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ