• Latest

Амбасадорот на Кралството Холандија, Јан Коп: Прашање на време е кога С. Македонија ќе биде членка на ЕУ

February 28, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Амбасадорот на Кралството Холандија, Јан Коп: Прашање на време е кога С. Македонија ќе биде членка на ЕУ

February 28, 2021 13:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Јас ја гледам позицијата на Бугарија како пречка на патот кон ЕУ. Но, важното е да не се разочарувате секој пат кога има пречка на патот, продолжете натаму, спроведете ги реформите и ќе ве поздравиме како членка, вели амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, во неделното интервју на РСЕ.

Прашан дали има ли надеж за Македонија по бугарското вето и дали е реално да се очекува одржување на меѓувладината конференција за време на португалското претседателство, амбасадорот Јан Коп вели дека не мисли оти тоа толку важно. Она што е важно, нагласува, е што во последната година оваа земја доби зелено светло за започнување пристапни преговори во март минатата година, важно е оваа земја да ги заврши реформите кои треба да ги спроведе.

– Кога тој процес ќе биде зад нас, земјата ќе стане членка на ЕУ. Дали има пречки на патот? Очигледно дека има. Тие треба да се надминат. Но, прашањето не е дали Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ, туку кога? И ќе видите дека во некои области оди побрзо од очекуваното или побавно од колку што очекувате. Според мене, нема потреба да се прави драма од секоја пречка на патот. А јас ја гледам позицијата на Бугарија како пречка на патот. Не можам да предвидам кога точно ќе се случи меѓувладината конференција, дали за време на португалското претседателство, се надевам дека тоа ќе се случи. Но, важното е да не се разочарувате секој пат кога има пречка на патот, продолжете натаму, спроведете ги реформите и ќе ве поздравиме како членка, вели во интервјуто холандскиот амбасадор Јан Коп.

Одговарајќи на новинарско прашање како гледа Холандија на бугарските условувања заради усвојување на преговарачката рамка, тој посочува дека ги гледаат како што ги гледа и секоја друга членка во Унијата.

– Како листа на билатерални прашања кои немаат места во преговарачката рамка. Во март кога беше договорено Северна Македонија да ги почне преговорите, земјите членки со месеци работеа на преговарачката рамка со Европската комисија и како и во сите случаи пред Северна Македонија, нема место за билатерални прашања во тие рамки. Земјите треба да ги решат тие прашања пред да станат членки, порачува тој.

Истакнува дека сите земји членки биле согласни оти треба да се одржи првата меѓувладина конференција. – Сите, и тоа треба да е јасно. И да, Бугарија беше сама. Но, сепак тоа е прашање кое треба да се реши, не од ЕУ, туку помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Кога тоа ќе се случи можеме да тргнеме напред, посочува амбасадорот.

Тој не сака да ги коментира последните настани во насока на потребата од резултатите во областа на правосудството и борбата против корупцијата, затоа што се работи за тековни судски случаи, но наш став отсекогаш бил, и на тоа сме работеле, истакнува, да постои независно и доверливо судство, независни судии, обвинителство.

– Се разбира, добро е да се знае каде ви се обвинетите, порачува холандскиот амбасадор.

Додава дека нашата земја има направено значителен напредок во однос на судските реформи, но сè уште има работа.

– Она за што не сум оптимист е што во оваа земја практично секоја политичка партија во парламентот ја изрази својата поддршка кон евроатлантските аспирации на оваа земја. А тоа значи дека е јасно што треба да се направи. Агендата е добро структурирана и кога според преговарачката рамка ќе се знае што точно треба да се направи, проблемот претставува поларизацијата. Ако сите партии изразуваат поддршка на овој процес, тогаш спроведете го. Заедно, не е тешко. Не треба да има дебата за насоките како да се направи, туку само да се направи. Па затоа мислам дека моменталната поларизација не помага во оваа насока, вели меѓу другото амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, во неделното интервју на РСЕ.

извор: РСЕ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ