• Latest

Амели де Моншалан: На 15 октомври јасна и суштинска одлука за Северна Македонија

October 1, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Амели де Моншалан: На 15 октомври јасна и суштинска одлука за Северна Македонија

October 1, 2019 08:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Моншалан при обраќањето пред Парламентарното собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, во својство на претседавач со Комитетот на министрите, беше испрашувана и за датумот за почеток на преговорите на Република Северна Македонија, притоа таа одби директно да одговори на прашањето, велејќи дека одлуката ќе биде „јасна и суштинска“, jавува дописникот на МИА од Стразбур.

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија,  Бетиан Китев по обраќањето на францускиот државен секретар за европски прашања, и се обрати и ја праша дали земјава може да очекува поддршка од Франција за старт на преговорите со ЕУ.

„Овие последни години не беа лесни за Република Северна Македонија. Но, успеавме да најдеме компромис со Грција за името и постигнавме напредок во спроведувањето на реформите во клучните области. Со оглед на влијанието на европската перспектива за пристапување, можеме ли да сметаме на поддршката на Франција да добиеме датум за почеток на преговорите оваа есен?“, праша Китев

Одговарајќи на прашањето Амели де Моншалан ја поздрави големата политичка храброст на Владата за постигнување на Договорот од Преспа, но не сакаше да ја прејудицира одлуката на 15-ти октомври.

„За состојбата во Северна Македонија, верувам дека е неопходно, многу јасно да се поздрави историската етапа што беше со Договорот од Преспа. Не сум сигурна дека има многу влади во нашиот современ свет кои се толку храбри во врска со вакви прашања на регионално помирување, да одат дури и да го менуваат името на една земја. Верувам дека навистина мора да бидеме многу цврсти и навистина да ја поздравиме политичката храброст што беше потребна за да се постигне овој договор. Јас нема да ги прејудицирам одлуките од 15-ти октомври во Луксембург. Сепак, минатиот јули, на состанокот Советот за општи работи, а потоа и Европскиот совет, се обврзаа на јасна и суштинска одлука во октомври. Од тогаш, имав многу размени со лидерите на Северна Македонија и можам да ве уверам дека работиме за да донесеме јасна и суштинска одлука, нагласи францускиот државен секретар за европски прашања“, рече Амели де Моншалан.

Слично прашање, како и Бетиан Китев имаше и пратеничката од Норвешка, Лизе Кристоферсен која е и коизвестител за постмониторинг дијалогот за Република Северна Македонија, која констатираше дека ЕУ перспективата е клучна за прогресот на земјите од Балканот и запраша дали и Моншалан така гледа на ова прашање и следствено кога би бил доделен датум за почеток на преговорите.

„За Северна Македонија ќе одговорам во ист дух како и при мојот прв одговор. Во Луксембург на 15-ти октомври ќе имаме јасна и суштинска дискусија – ова се обврските што ги презедовме минатиот јули. Мислам дека е исто така важно да се направи чекор назад: преговорите за проширување и пристапување не смеат да ја кријат длабоката реалност на предизвикот со кој се соочуваме во Западен Балкан. Секако, има правни проблеми, прашања поврзани со владеењето на правото, јавните набавки, јавните услуги, но клучно за мене е како да им се обезбеди на младите во земјите од Западен Балкан економски, културен, човечки, социјален развој, така да тие остануваат во земјите каде се родени“, рече францускиот државен секретар за европски прашања..

Според Амели де Моншалан, денес главната грижа над правните прашања е „како се организираме, како се однесуваме политички така што младите од овие земји да наоѓаат во своите земји средства да основаат семејство, да развиваат бизнис, да учат и на крајот да растат и тоа да вроди со плод во оние земји каде што се родени“.

„Одлевањето на мозоците, масовната емиграција од различните земји на Балканот е за мене голем предизвик, демократски предизвик, предизвик, згора на тоа, за еднаквост меѓу мажите и жените, социјален предизвик. Вашето собрание веројатно може многу да стори за да ни помогне да најдеме начини да се оди напред“, заврши францускиот државен секретар за европски прашања пред ПССЕ.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ