• Latest

Американска „црна листа“ или „елитата полоша од рајата’

March 20, 2024
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Американска „црна листа“ или „елитата полоша од рајата’

March 20, 2024 09:33
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Денес најголемата мода, поза и кокета е – поготово пред избори – антикорупциска борба која сите ја поддржуваат. И нормално, тие што ќе бидат „наденати“ на американската „црна листа“. Сè додека е тоа борба во туѓите редови. Кога оди по средина од „нашата корупција“, тогаш се работи за „повисок интерес“.

Едно од основните правила во парламентарната демократија гласи: ако немаш намера да решиш некој проблем, оформуваш комисија, како што нè учеше сер. Винстон Черчил. А вистинските проблеми најчесто се тешко решливи или нерешливи, тоа го знае секој еден што учел психологија за средношколци. Значи, оформуваш комисија, некаков одбор или некоја друга бесмислена група, политичка варијанта од, да речеме, „анонимни алкохоличари“ која, демек, има мандат, и во демократска атмосфера и процедура, ќе решава горливи работи.

Таквото „комисионирање“ најчесто опасно ќе залегне, така што ќе отиде до точка во која никој повеќе нема да се сеќава зошто таа екипа од стручњаци е оформена. На крајот, заради мрза и бахатос, ќе објават дека нивните ставови и заклучоци се непомирливи. Ако некој, пак, навистина запне и побара одговорност за неуспехот, оформуваат нова комисија која ќе ја истражи претходната комисија. И така натаму и така наваму.

Признавам, добар е тоа систем, и за некое чудо беспрекорно функционира. Паметни луѓе велат дека не е совршен, ама подобар нема.

Смешно? Малку удира на смеа. Жижек нè учеше дека работите кои се смешни, всушност кажуваат многу вистинити работи. А ние одиме натаму.

Имено, пред некоја ден, читам, Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на американската Црна листа. Прво, си велам, чекај, ајде за Стевчо некако ми има логика, ама што пак Катица Јанева токму сега? Потоа си велам, па, чекај, бре, мајку му стара, зарем Јанева не беше избор на Груевски? Беше. Зарем Јанева не падна во аферата „Рекет“ за некаков скап тросед и некои пишливи 50.000 евра? Потоа си велам, зарем Стевчо Јакимовски не беше едно време во коалиција со најголемите корупционаши и националисти? Беше. И каде се сега овие двајца? Катица е, ако добро сум прочитал, во затвор, а Стевчо, ене го, запенавен, објаснува како заработувал пари со некој Миќо од Драгомирово (или така некоја српска селендра), па објаснува како се мачел да заработи; па објаснува како возел на времето фиќо, па купил „стојадин“, па комбе… Се изнамачил човекот. Од пуста мака животна, тргнува Стевчо со паролата „Не може нам нико ништа јачи смо од судбине“ во кандидатура за претседател на државата.

Солзи ми течат по образите, ако ми верувате, плачам над тешкиот живот и мачната судбина на Стевчо Ј., ама јак е тоа „мештар свих хуља“ (Крлежа), ќе им докаже Стевчо дека е „јачи од судбине“.

Славољубјето, среброљубјето и бескарактерноста се опасни мани на човештвото, ама по сè изгледа дека за ваквите наши судови и обвинителства не претставуваат никаков проблем, корупцијата не ја забрануваат, па, штом обвинителставата ја толерираат, тогаш јас сметам дека не треба да бидат ставени на столбот на страмот или да подлежат на остракизам. Ама, исто така држам и до тоа: режимите кои ги корумпирале и привилегирале овие личности, после самото паѓање треба да одат во „ропотарницата од историјата“. Заедно со нивните водачи на кои им се поклонувале.

Ама гледате, тоа овде не е случај.

Сите гуланфери на Груевски, не само што не се „стрмопиздени“ и отидени во „ропотарницата на историјата“, туку сите се на слобода и активни. Уште и планираат да бидат „легитимна власт“ во земјава. Тие, сите, топтан, родени во национализам, а следствено на тоа и на корупција, изигруваат фактори, на телевизиите се „радо видени гости“, и се закануваат дека ќе дојдат уште и на власт. Се закануваат дека „ако народот одлучи“, нема да биде далеку денот кога „народ ќе размислува што ќе биде дури и со Американската амбасада“ во земјава, а богами и што ќе биде со нивните империјални агенди за „стабилократија“ и „корупција“ на Балканите.

Ова, госпоѓата Агелер би требало да го знае. Ако не го знае, еве ѝ потполно бесплатен совет од мене. А вие останатите „мудро размислете“ што писателот (во обид!) има да ви каже.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ