Амбасадата на САД, преку соопштение, ги повика американските граѓани да бидат внимателни при престојот во Северна Македонија, особено во периодот пред празниците и поради заканите со бомби.
Американската амбасада на својата веб-страница повика на голема внимателност поради можноста за криминал и кражби за време на празниците, но и поради честите закани со поставени бомби и упатува да се почитуваат упатствата дадени од одговорните лица за безбедноста и полицијата.
Амбасадата потсетува дека мети на анонимни закани со бомби се станиците за јавен превоз, аеродромите, хотелите, трговските центри, спортските центри и училиштата.
Амбасадата на САД апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“.
H.A