• Latest

Амнезирана правда и правдина

April 28, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Амнезирана правда и правдина

April 28, 2019 13:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

Длабоко во сите нас, датумот 27 април од пред две години, колку и да не сакаме, сепак нѐ потсетува на едно крваво сценарио кое, за среќа, заврши неуспешно и без жртви.

Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во текот на посетата во Кавадарци каде имаше средби со граѓаните, порача дека граѓаните врз кои се вршело притисок, ќе бидат похрабри и ќе излезат во вториот круг и ќе ги разрешат сите дилеми.

„Оние кои мислеа дека не вреди да се излезе на овие избори, охрабрувачки е, ги гледате дебатите и не би сакала да ги коментирам. Јасен е резултатот, мислам дека сме на прав пат и дека на 5-ти мај ќе има основ да се слави, и не зошто за прв пат жена победила во Македонија на претседателски избори, туку затоа што јас верувам дека треба да се вреднува знаењето, умот, одговорноста, блискоста до граѓаните, скромноста, ако сакате, и дека тоа е демократската добитна комбинација“, истакна таа.

Професорката по право, чиј слоган е „Правда за Македонија“, во ниту еден случај не го осуди насилството во Собрание од пред две години. Тогаш, се поставува прашањето за каква „правда“ се залага „независната“ кандидатка за претседател, Силјановска Давкова? Вели дека „на 5-ти мај ќе има основ да се слави“, а што ќе се слави? Тоа што пред неколку години на 5-ти мај специјалците ги тепаа граѓан(к)и пред Влада, на улица, па дури и студенти во библиотека… Етеб за нас обичните граѓан(к)и, и 5-ти мај, како и 27 април има друго значење и „славје“.

И претседателскиот кандидат на владејачката коалиција на СДСМ, Стево Пендаровски им забележа на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателската кандидатка на опизициската партија Гордана Силјановска Давкова дека не го осудиле упадот во Собранието од пред две години.

„Пред две години на овој ден имавме една од најгрдите епизоди воопшто во историјата на модерна Република Македонија. Тој ден беше организиран упад во највисокиот законодавен дом во кој тогашната партија на власт се обиде да го спречи мирниот трансфер на власта. Страдаа пратеници, новинари, вработени во Собрание, дел од луѓето кои упаднаа добија судски пресуди, за дел од нив се водат судски постапки, но во овој изборен контекст не чувме осуда од партијата што тогаш тоа го организираше, ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот кандидат за претседател Гордана Силјановска ниту тогаш, ниту во изминатите две години, по кој било повод не кажа ниту еден збор осуда за тој чин што ја посрамоти Македонија и ја нареди во кругот на земји каде такви случаи се практикуваат во недостиг на базичен мир и безбедност за граѓаните“, рече Пендаровски.

Пендаровски вели: „Дел од луѓето кои упаднаа во Собрание добија судски пресуди, за дел од нив се водат судски постапки“… и толку, завршува со насилниците и се префрлува на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска.

Ете јас ќе ја продолжам изречената „казна“ за насилниците кои упаднаа во Собранието на 27 април, дел од нив се амнестирани, дел од нив добија тендери, дел од нив се на подолг престој во странство (Будимпешата), дел од нив…

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, го повтори ставот дека, доколку на вториот круг од претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус или не победи кандидатот на власта, Стево Пендаровски, ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

„Застанавме зад независен претседателски кандидат кој очекуваме дека ќе го устоличиме во иден претседател на Република Северна Македонија. Јас верувам во тоа и тоа е моја желба, посветеност и очекување за иднината на државата. Секако, за тоа на крајот одлучуваат граѓаните и ако тие одлучат поинаку ќе проектираме термин за предвремени парламентарни избори“, рече Заев.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски постојано најавува дека на предвремени парламентарни избори ќе победи неговата партија, откако на овие претседателски избори ќе победи Силјановска Давкова.

Ова ти е исто како изреката „Рибата уште не е фатена, а тие веќе го ставија тавчето“.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share65Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ