• Latest

Анализа на МИМ: Според граѓаните Фејсбук е најголем извор на дезинформации и мисинформации поврзани со Ковид-19

January 5, 2021

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Анализа на МИМ: Според граѓаните Фејсбук е најголем извор на дезинформации и мисинформации поврзани со Ковид-19

January 5, 2021 16:28
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 64 отсто од граѓаните сметаат дека медиумите известуваат професионално и непристрасно за време на пандемијата со ковид-19. Медиуми во кои најчесто се забележани дезинформации и погрешни информации се социјалните медиуми – дури 28,8 отсто и тоа најмногу Фејсбук, но и телевизиските канали – 26,8 отсто,  покажува истражувањето спроведено од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во соработка со агенцијата М-Проспект, во врска со ставовите на граѓаните за медиумското известување во текот на пандемијата со Ковид-19.

Истражувањето е спроведено телефонски, од 14 до 20 декември 2020 година, на случаен примерок од 1003 испитаници.

Според нивните одговори, секој четврти испитаник или 25 отсто, целосно се согласува со оваа изјава, 39 отсто донекаде се согласуваат, 21,8 отсто донекaде не се согласуваат, а 13,6 отсто вооопшто не се согласуваат. Кумулативно земено, процентот на оние кои сметаат дека се известувало професионално и непристрасно е 64,1 осто и е поголем од оние кои не се согласуваат со тоа и изнесува 35,4 отсто.

Анализата на одговори покажува дека согласноста за професионално и непристрасно известување расте со возраста.

Според истражувањето, 19 отсто од возрасната група од 18 до 29 години целосно се согласуваат со изјавата дека медиумите за време на пандемијата со Ковид-19 известуваат професионално и непристрасно, кај возрасната група од 30 до 64 години овој процент се движи од 22 до 23 отсто, додека над 65 години е повисок и изнесува 36 отсто од испитаниците. Скоро секој трети етнички Македонец, односно 29,4 отсто целосно се согласува со оваа констатација, наспроти 13,3 отсто од испитаниците етнички Албанци.

 

Како медиуми каде најчесто се забележани дезинформации и погрешни информации, испитаниците најчесто ги спомнуваат социјалните медиуми, 28,8 отсто и телевизиските канали 26,8 отсто.

Според анализата, речиси 19 отсто од испитаниците одговориле дека забележале дезинформации и мисинформации на интернет порталите, 8,7 отсто во печатените медиуми, а околу четири отсто на радиото. 12 отсто не забележале дезинформации и мисинформации.

„Забележливо е дека помладите генерации од 18 до 39 години повеќе ги истакнуваат социјалните медиуми и порталите како типови на медиуми на кои забележале дезинформации и мисинформации, наспроти постарите, особено оние над 50 години, кои повеќе ја истакнуваат телевизијата како извор на дезинформации и мисинформации“, велат од МИМ.

Од оние кои ги посочиле социјалните медиуми како извор на дезинформации и мисинформации, најголем процент 84,5 отсто го посочиле Фејсбук, 7,6 отсто Јутјуб, а 5,8 отсто социјалната мрежа Твитер.

Аналазита покажува дека погрешните, непотврдени информации и дезинформации е тоа што 39,7 отсто од испитаниците го посочиле дека им пречи во начинот на новинарското известување.

Ова истражување е направено во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ