• Latest

Ангеловска-Бежоска: Поголемата вклученост на жените во банкарскиот сектор носи бројни економски придобивки за целото општество

July 13, 2021
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Поголемата вклученост на жените во банкарскиот сектор носи бројни економски придобивки за целото општество

July 13, 2021 09:55
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поголемата вклученост на жените во банкарскиот сектор и воопшто во сите општествени сегменти, носи бројни економски придобивки за целото општество. Истражувањата за централно банкарската заедница упатуваат дека поголемото учество на жените во телата за одлучување за монетарната политика значи и поголемо ниво на ценовна стабилност”, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за документарниот магазин „Приказна, посветено на вклученоста на жените во банкарскиот сектор, пренесува Слободен Печат.

Во документарниот магазин беше истакнато дека Народната банка е позитивен пример за инклузијата на жените, како од аспект на нивната застапеност во вкупната и управувачката структура, така и од аспект на валоризацијата на нивниот труд.

– Централната банка е добар пример за родовата застапеност. Учеството на жените во вкупниот број вработени е околу 60%. Учеството во раководните структури е близу до 70%. Оваа констатација е релевантна за сите нивоа на раководството – ние имаме оперативно, тактичко и стратегиско раководство. Во рамките на стратегиското раководство, од тројца вицегувернери, две се жени. Би потенцирала дека предлогот до Собранието за нивен избор, доставен од моја страна, не беше затоа што тие се жени, туку затоа што ги имаат потребните, соодветни квалификации за да можат да им одговорат на таквите исклучително одговорни позиции, напомена Ангеловска-Бежоска.

Сепак, ситуацијата со застапеноста на жените во управувачките структури во банкарскиот сектор кај нас е поразлична. Учеството на жените во управните и надзорните одбори во банките во нашата земја е околу 30%, а има и неколку банки каде што жените воопшто не се застапени во управните, односно надзорните одбори. Ситуацијата во меѓународни рамки не е многу поразлична, односно согласно со индексот за родова еднаквост на ОМФИФ, жените учествуваат со 23% во управните и со 30% во надзорните одбори во банкарскиот сектор, во просек.

– Ставањето на женскиот потенцијал во функција, не е само од аспект на квантитетот, односно затоа што е потребна повеќе работна сила, туку и затоа што се смета дека жените се одликуваат со посебни карактерни особини, како што се прагматичноста, одбивноста кон ризик, поголемата темелност и сето тоа придонесува за една поконзистентна средина, дава поинакви перспективи во процесот на одлучување. На крајот се оценува дека сето тоа води кон по оптимални одлуки во процесот на стратегиското одлучување на институцијата. Оттаму, јасно е дека поголемото учество на жените носи придобивки за сите, истакна Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката нагласи дека од особено значење е и пристапот на жените до финансиите. Податоците покажуваат дека 80% од мажите кај нас имаат банкарски сметки, додека кај жените процентот е помал – околу 70%. Во однос на пристапот до кредити, 45% од вкупните кредитокорисници се жени, а 55% се мажи, додека ако се гледа според износот на кредитите, само 38% од кредитите на населението ги користат жените. Овие бројки укажуваат на потребата од преземање натамошни мерки, а една од позначајните активности за поттикнување на пристапот до финансии е финансиската едукација. Затоа, како што посочи Ангеловска-Бежоска, и во првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија се дава простор за поголема инклузија на жените во финансиите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ