• Latest

Анѓушев во Њујорк на средби со американски бизнисмени

September 28, 2019
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анѓушев во Њујорк на средби со американски бизнисмени

September 28, 2019 13:01
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски за време на работната посета на Њујорк имаа директни средби со менаџментите на неколку американски компании, заинтересирани за инвестиции во нашата земја, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

Анѓушев, како што се наведува, посочи дека е задоволен од исходот на средбите и додаде дека сите компании со кои се сретнаа имаат покажано интерес за инвестирање во Северна Македонија, а дел од нив се и блиску до носење на одлука за реализација на инвестицијата. Вицепремиерот нагласи дека со извесното членство во НАТО, нашата земја станува се поатрактивна инвестициска дестинација за компании од САД.

„Нивните имиња ќе ги објавиме кога тие самите ќе одлучат за тоа. Ме радува што тоа се компании од високо технолошкиот развиен свет, односно компании кои нема да вработуваат 3000 или 5000 лица, планирано е да вработуваат помал број на луѓе, од 300-500, но тоа ќе бидат работни места токму онакви какви што сакаме да има во нашата држава, за млади интелектуалци и за високо стручните кадри, за да ги задржиме младите во Република Северна Македонија. Станува збор за потенцијални инвестиции до стотина милиони евра и над тоа некои од нив. Дефинитивно Северна Македонија станува земја којашто е интересна за компаниите од САД. Ценам дека голем придонес во таа работа има и зачленувањето во НАТО и нашите евроатлантски интегративни процеси кои сериозно ги раздвиживме“, потенцира Анѓушев, соопшти неговиот Кабинет.

Во изминатите две години во ТИР зоните и надвор од нив, според вицепремиерот, започнаа со реализација триесетина инвестициски проекти на странски компании, домашните компании исто така реализираа нови инвестиции и се развиваат и сето тоа се рефлектира преку позитивни економски статистички показатели.

„Заводот за статистика ги објави податоците за растот на индустриското производство, а тоа што го гледаме, можам да кажам дека и го очекувавме. Во август 2019 година, споредено со август 2018 година, бележиме 9,8 отсто раст на индустриско производство, или кумулативно, за целиот период од јануари до август 2019 година во споредба со јануари-август 2018 година, имаме раст од 5,5 отсто на индустриско производство. Ако се земе предвид дека индустриското производство е сериозен генератор на БДП во нашата држава очекуваме дека бројките за третиот и четвртиот квартал за растот на БДП ќе бидат сериозно големи и тоа дефинитивно е знак кој кажува дека македонската економија се движи во исправна насока. Со самото тоа што и градежништвото го вративме на вистински колосек и земјоделството покажува одреден раст, цениме дека тоа е показател дека државата е економски стабилна. Најважно е што таа економија е генерирана од приватните инвеститори, односно е генерирана од реалната економија, бидејќи само на тој начин можеме да гарантираме дека ќе има одржливост на растот на економијата на подолг рок. Доколку се случат и овие инвестиции за коишто разговаравме, цениме дека тоа ќе има уште посериозен импакт врз целокупниот развој на индустријата и целокупната економија во нашата држава“, рече Анѓушев.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски очекува за дел од проектите за кои се разговараше во Њујорк, да се донесат одлуки во многу брз временски период, а се надева дека компаниите ќе одлучат да инвестираат токму во нашата земја, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

„Генерално сме во последна фаза на преговори со овие компании, набрзо, не се работи за месец-два, туку се работи за некоја недела, се надевам дека ќе може да ги објавиме. Со тоа ќе се заокружи за оваа година поголем инвестициски сегмент од планираното. Во наредната година, кога фабриките кои се моментално во градба ќе заживеат, ќе работат високо квалификувани кадри и тоа ме радува особено“, посочи Младеновски.

Тој потсети дека во скопската зона швајцарската компанија Баумер започна со работа, додека со изградба на производствени погони започнаа германската Гересхајмер, турската Балканлар Пластик, како и албанската Саген. Тој додаде дека со изградба на фабрики во Скопје набрзо започнуваат Зенит и германската Кеслер, со што ќе се реализираат навистина значајни странски инвестиции во државата.

„Во останатите формирани зони се реализирааат сериозни инвестиции во завршување на инфраструктурата, од страна на државата. Во нивните капацитети има уште неколку нови најави за фабрики во зоната Струга, во Штип и зоната во Прилеп“, кажа Младеновски, се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ