• Latest
Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Анкета: Две третини не гласаат на студентските избори, половината не знаат кои им се лидери

December 5, 2021

24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

September 2, 2025

ДИК: Истече рокот за собирарање потписи – 69 независни каднидати за градоначалници и 68 независни листи за советници

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на DRM News

Путин се сретна со словачкиот премиер Фицо во Пекинг, ја пофали неговата „независна“ политика

September 2, 2025

Дезинформација е дека имало голема тепачка на состанокот на ДУИ во Чаир

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

Уапсениот за убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент го призна делото и побара да биде разменет за украински заробеници кои се во Русија

September 2, 2025

Додик и Вучиќ испраќаат пораки до ЕУ преку средбите со Путин

September 2, 2025

Две години затвор за „командант Барути“ за нападот врз Данела Арсовска

September 2, 2025

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

September 2, 2025
Фото: Скопје сити мол

„Весела математика“ на ВМРО-ДПМНЕ во обид да прикаже подобрен животен стандард на граѓаните

September 2, 2025
Војникот на Националната гарда на Украина, Владислав Нахорни, преживеал откако руските сили му го пресекле гркланот и го фрлиле во јама, верувајќи дека е мртов. Фото: Скриншот од Suspilne

Украинскиот војник кој преживеа мачење од Русите исчезна од болницата во Днипро

September 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Анкета: Две третини не гласаат на студентските избори, половината не знаат кои им се лидери

December 5, 2021 17:35
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Share on FacebookShare on Twitter

Недоволно познавање и мала заинтересираност на студентите за работата на студентските собранија на факултетите и универзитетите во земјава покажа анкетата што за „Мета.мк“ ја спроведе страницата „Студентарија“ на Инстаграм.

Дури 59 отсто од студентите што одговориле на прашањата се изјасниле дека не знаат кој е актуелен претседател или претседателка на Универзитетското студентско собрание (УСС) на нивниот универзитет. За нијанса подобра е ситуацијата со Факултетските студентски собранија (ФСС), но и таму повеќе од половина (53 отсто) од студентите не ги знаат имињата на претседателите на студентските собранија на матичните факултети.

Високи 63 отсто од студентите што одговориле на анкетата рекле дека воошто не се запознаени со работата на УСС на нивниот универзитет, додека 32 проценти рекле дека донекаде се запознаени. Само 5 отсто од студентите се изјасниле дека се целосно запознаени со активностите на универзитетските студентски собранија.

Ситуацијата со факултетските собранија е малку подобра – 48 отсто од студентите се донекаде запознаени со нивните активности, 43 проценти воопшто не се запознаени, а 9 отсто се целосно запознаени со работата на ФСС на нивниот факултет.

Анкета Студентарија

На прашањето како би ја оцениле работата на ФСС и УСС на матичниот факултет, односно универзитет, најголем дел од студентите рекле дека немаат одговор, односно ваков одговор на прашањето дале 49 отсто во однос на УСС и 40 отсто кај прашањето за ФСС.

Резултатот од оние што ја оцениле работата на собранијата покажува средна оцена 2,7 за работата на Факултетските студентски собранија, додека оцената на работата на собранијата на ниво на универзитет е уште пониска – 2,5.

Анкета Студентарија

Речиси 90 отсто од студентите рекле дека не можат да набројат дел од активностите што ги имаат реализирано факултетските и универзитетските студентски собранија изминатава година.

Помалку од 2 отсто од студентите на Економски гласале во ноември

Анкетата покажа и дека 70 отсто од студентите ниту еднаш не учествувале на студентски избори изминативе две години, по донесувањето на Законот за високо образование во 2018 година и првите одржани избори во 2019 година.

Анкета Студентарија

Она што е поразително е што ситуацијата не е поразлична ниту годинава, ако се земе предвид излезноста на изборите за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на најбројниот факултет на УКИМ, Економскиот. Според Записникот на Изборната комисија за првичните резултати од одржаните избори на Економски факултет на 15 ноември, од вкупно 2.486 студенти-избирачи според избирачкиот список, гласале само 42, што е помалку од 2 отсто од вкупниот број студенти на Економскиот факултет.

Новоизбраната претседателка на Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет на УКИМ, Дафина Андонова, смета дека ниската излезност на изборите се должи на актуелната ситуација со пандемијата, поради што дел од студентите следат онлајн настава од дома, а изборите се одржаа со физичко гласање.

„Изборот за претседател на Факултетското студентско собрание при Економски факултет беше навремено спроведен, согласно закон и статут. За жал, излезноста беше мала, но тоа верувам се должи на ситуацијата со Ковид-19, а исто така голем дел од студентите не живеат во Скопје. Се надевам дека што поскоро ќе заврши оваа пандемија и дека излезноста на следните избори ќе биде поголема“, изјави Андонова.

Приближување на телата до студентите

Поголема излезност е забележана на изборите кои се одржаа на факултетите на Универзитетот „Св. Климен Охридски“ во Битола (УКЛО), но наставата на овие факултети веќе со месеци се одвива претежно со физичко присуство.

Новоизбраната претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УСС УКЛО), Симона Наумовска, вели дека потребата од нов начин на претставување на студентите и унапредување на студентскиот стандард била видлива од поодамна.

„Новоизбраното раководство на УСС УКЛО со голема одговорност и свесност ја презема улогата да ги штити правата на студентите и воедно да ги унапредува. Тоа што како нов студентски тим се вклучуваме во работата на органите и телата на Универзитетот покажува дека чувството на незаинтересираност е релативно. Секако, сведоци сме дека во изминатите години се чувствуваше потреба од нов начин на којшто ќе се претставуваат и ќе се унапредуваат студентскиот стандард и потреби  и лично сметам дека тоа е рефлексија од една многу поширока и  академска и општествена слика. Она што можам да го ветам е дека ќе направиме сè како раководство на УСС УКЛО да ги менуваме таквите состојби и тоа најдобро ќе го покажеме и потврдиме со личен пример и активизам“, вели Наумовска.

Анкетата покажа недоволна заинтересираност на студентите да се вклучат во активностите на собранијата со цел да придонесат кон нивната работа, па така 40 отсто од студентите воопшто не се заинтересирани да се вклучат во работата на факултетските или универзитетските собранија, додека интерес искажале 14 проценти од студентите.

Анкета Студентарија

Наумовска смета дека за приближување на студентските органи и тела до самите студенти, пред сè е потребно претставување на програмите, плановите и активностите пред сите студенти, но и студентските претставници да ги слушнат очекувањата на студентите за да знаат во која насока да дејствуваат.

„На еден таков, непосреден начин којшто треба да премине во редовна комуникација треба да се соработува со колегите од сите единици на УКЛО.  Исто така сметам дека покрај тоа што треба да се запознаат подетално со она што може да го понудиме, како раководство имаме задача да ги забележиме нивните потреби, да ги разгледаме и можностите заедно  да се избориме за промени во студирањето, праксата, забавниот и спортско-рекреативниот живот. Но тоа секако, ќе оставиме да го кажат нашите колеги. Започнуваме  од нивниот став, сакаме да се испочитува мислењето на сите млади луѓе подготвени за акција, за студентски активизам. Тоа што застанувам на чело на студентите од УКЛО е доволна мотивација соработката со колегите студенти да биде постојана, перманентна и квалитетна, бидејќи верувам дека само здружени во добрите намери може да се разрешуваат сите отворени прашања, да се надминуваат пречките на патот  и да се подобрува студентското живеење во најширока смисла на зборот“, истакна Наумовска.

Во моментов универзитетските студентски собранија претставуваат највисоко студентско претставничко тело кое дејствува во рамките на универзитетите и преку кое може да се креираат студентските политики. Нивното формирање е утврдено со Законот за високо образование донесен во 2018 година.

Инаку, и истражувањето на Младинскиот образовен форум (МОФ) спроведено во ноември и декември минатата година покажа  незаинтересираност помеѓу студентите за тоа кои студенти ги раководат собранијата. Тогаш над 63 отсто не го знаеле името на претседателот на УСС УКИМ.

Во документот „Една година студентски претставници“ објавен во февруари годинава, а кој се однесува на факултетските и Универзитетското студентско собрание на УКИМ, пишува:

„Ниската заинтересираност на студентските претставници и, следствено, ниската излезност на студентите на изборите се само предзнак за тоа каде треба да се обрне внимание во иднина. Самите студенти се оние кои ќе ги сочинуваат идните кадри на подобри и поделотворни собранија, што значи треба да се изнајдат начини како тие да се ангажираат“.

Во документот на МОФ се препорачува да се зголеми видливоста на работата на собранијата со цел поголема информираност на студентите за тоа како и што работат нивните претставници, поттикнување на нивно кандидирање и вклучување во работата на факултетските собранија, односно универитетското собрание, како и спроведување на едукативни и информативни кампањи за студентските избори со цел поголема излезност на истите.

Според одговорите на прашањата на анкетата, студентите во земјава како најголем предизвик со кој се соочува високото образование ја наведуваат онлајн наставата, па бараат побрзо враќање во предавалните и амфитеатрите. Истовремено сметаат дека е потребна дигитализација на процесите при упис и заверка на семстар, наместо носењето хартиени пријави и чекање со часови пред службите за студентски прашања. Tие, исто така, го делат ставот дека наставните програми по кои учат се застарени, нешто на кое неодамна укажа и Независниот академски синдикат (НАкС).

Анкетата беше спроведена преку Инстаграм профилот „Студентарија“ во периодот 1-2 декември 2021 година и на неа одговориле 5.357 студенти. Најголемиот дел од нив, 65 проценти, се студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што следуваат Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (15 отсто), Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (11 отсто) и останатите државни и приватни универзитети со 9 отсто.

Иако не станува збор за анкета спроведена на репрезентативен примерок, сметаме дека резултатите ја отсликуваат реалната состојба.

Извор: Мета.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате – изгледа ВМРО буквално ја сфатиле

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ