Колку граѓаните им веруваат на медиумите и политичарите? Кој шири лага, дезинформации и пропаганда?, беа дел од прашањата што екипата на ЦИВИЛ Медиа им ги постави на граѓан(к)ите на Велес и Кавадарци.
„Сè помалку им веруваме на медиумите, бидејќи сè почесто лажат. Најмногу се лаже за политика“, вели еден велешанец.
Друга граѓанка на Велес вели дека војната во Украина не постои бидејќи пуштаат стари снимки од Русите од порано што се бореле. Таквите информации ги слушнала од „постарите“.
„Ова е исто како ковидот, демек има ковид, а сега ковидот го снема поради војната на Русија. Како одеднаш го снема?“, вели таа.
„Нешто веруваме, нешто не им веруваме на медиумите, повеќето е лага. А најмногу лажат тие во Парламентот што се“.
Еден граѓанин вели дека не им верува на медиумите бидејќи станаа „слуги на поробувачите“, и не пропушти прилика да излезе надвор од темата да каже дека „екс премиерот (бегалецот) Никола Груевски беше најголемиот домаќин во историјата на Македонија“.
Доста ни е од вести, не им веруваме воопшто. Сите се апаши, преваранти и лажомани. Ништо од нашата држава, а и ние не сме држава само не лажат дека сме држава. Политичарите нè лажат, сите се заедно ама нас не лажат демек се караат. Медиумите се поткупени од политичарите и шират дезинформации.
Еден кавадарец вели дека се е лага, прво политичарите лажат а потоа и останатите.
„Знаете како се вели, каков народ – такви политичари, не е точно тоа, какви полтитичари – таков народ, бидејќи ако има ред тогаш народот добро се однесува, меѓутоа ако политичарите лажат тогаш и народот ќе лаже“.
Друг граѓанин вели дека не гледа воопшто вести бидејќи се што ќе известат е само лага.
Дијана Тахири
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов