• Latest

Антикорупција со иницијативи да се „среди“ Изборниот законик и да се измени и дополни Законот за вештачење, одговорност за етичко однесување за владини членови

January 14, 2022

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Антикорупција со иницијативи да се „среди“ Изборниот законик и да се измени и дополни Законот за вештачење, одговорност за етичко однесување за владини членови

January 14, 2022 14:57
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Има сомнежи дека градоначалникот на Шуто Оризари, како и за претседателот на Советот на општината, користеле службено возило за лични и приватни потреби, односно за потребите за предизборната кампања за Локалните избори 2021 година, беше констатирано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој го образложи овој предмет меѓу другото наведе дека од патните налози се гледа дека не се уредно потполнети, не се правилно архивирани и не може да се утврди целта на дневните патувања. Имало и ситуации кога во сите патни налози е наведена само една релација од Општина Шуто Оризари до Град Скопје, без да се наведе за какви службени дејствија е користено возилото.

Трпеноски предложи предметот да се затвори затоа што, како што рече, не гледа што друго ДКСК може да направи освен да даде јавна осуда.

Билјана Ивановска, претседалка на ДКСК се надоврза и рече дека ова е и причина плус Антикорупција да бара Изборниот законик да се „среди“. Таа информира дека има и други моменти во законот каде нема санкции и оцени дека е краен моментот за носење нов Изборен законик.

Владимир Георгиев, член на ДКСК, во образложението на предмет во кој во сообраќајна несреќа има една жртва пешак, истакна дека немањето функционален, ефективен и ефикасен систем за оценка на стручноста на изработените вештачења и експертизи може да фрли сенка врз кредибилитетот на донесената судска одлука, а понатаму и поткопување на целосната доверба во правосудниот систем. Тој наведе дека ДКСК нема законска надлежност да испитува донесени првостепени судски одлуки, а во конкретниот случај е во жалбена постапка пред Апелација во Скопје.

Што се однесува до правната празнина поради непостоењето на воспоставен и функционален правен механизам што треба да осигура стручност на изготвените судски вештачења и супер вештачења, тој предложи ДКСК до Министерството за правда да иницира постапка за измени и дополнувања на Законот за вештачење за да постои воспоставен механизам во кој ќе може да се оценува работењето на вештаците.

– Парадоксално е за ист случај, со иста фактичка ситуација да имаме, особено при првичното вештачење, дијаметрално спротивставени вештачења. Испаѓа дека вештакот изготвува вештачење во корист на страната што ангажира, што е навистина нелогично, рече Георгиев.

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека избраните и именуваните лица од страна на Владата, Фекми Јонузи, заменик-директор на КПУ Идризово, Абдул Селами, заменик –  директор на УЈП, Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, Назим Буши, заменик-министер за внатрешни работи и Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, постапиле спротивно од Кодексот за етичко однесување за владините членови и носителите на јавни функции именувани од страна на Влада.

Според ДКСК, овие лица во текот на работното време учествувале на настан на 22.09.2021 година поврзан со изградба на водоводна мрежа во скопското село Долно Количани, што бил за време на изборната кампања за Локалните избори 2021 година.

ДКСК упати иницијатива до претседателот на Владата и до лицето назначено како одговорно за следење на спроведување на Кодексот, со цел, да се поведе постапка за утврдување одговорност за овие лица.

И во 2022 година фокусот на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе биде насочен кон ефикасно функционирање на системот согласно надлежностите утврдени во Законот за спречување корупција и судир на интереси, Законот за укажувачи и Законот за лобирање.

Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, која на денешната седница ја образложи Предлог – програмата за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година со Акционен план за нејзина реализација, нагласи дека како и досега Антикорупција ќе се раководи од начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, заштита и одговорност.

– Целите и активностите предвидени во Програмата се креирани и усогласени со Буџетот на ДКСК за 2022 година, со стратешкиот план на Комисијата за 2022-2024 година, како и со обезбедена поддршка од меѓународни донатори за поедини проекти и активности на ДКСК, рече  Ивановска.

Во програмата, информира таа, во фокусот ќе бидат и активностите за следење и оценка на спроведување на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси 2021-2025 година, спроведување на процесот на антикорупциска проверка на легислативата, постапување по пријави со наводи за сомневање за корупција, следење на законитоста на финансирањето на политичките партии, спречување на корупцијата во политиката во изборниот процес, постапување по предмети за судир на интереси, забрани и ограничувања за вршење на други дејности, како и евидентирање и следење на имотната состојба на службените лица и водење регистар на избрани и именувани лица.

Претседателката на ДКСК ги наведе и активностите за спроведување прекршочни постапки во случај на постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, подготвување и утврдување на формата на Каталогот на подароци, имплементација на Законот за заштита на укажувачи, на обврските што произлегуваат од Законот за лобирање. Во програмата се и активностите за  јакнење на целокупните капацитети на ДКСК, развивање на соработката со граѓанските организации, научни институции и приватен сектор, јакнење на соработката на ДКСК на мултилатерална и на билатерална основа, поврзување и соработка со антикорупциските тела во регионот и пошироко и развивање и реализација на антикорупциски проекти.

Ивановска ги спомена и активностите за подигнување на свеста и спроведување на обуки за спречување на корупцијата и судир на интереси, а особено за јакнење на личниот и институционалниот интегритет.

Ќе се продолжи и со мониторинг и следење на ризиците согласно стратегијата за управување со ризици и регистарот на ризици на ДКСК, особено проценка на ризици од институционална корупција.

Во програмата стои и имплементација на системот за управување со квалитет и набавка на услуги за сертификација на системот за управување со квалитет согласно новите барања  на меѓународниот стандард ИСО 9001 и подготовка на Извештај за работата на ДКСК.

Програмата за работа на ДКСК е изработена имајќи ги предвид стратешките определби за целосно исполнување на нејзините надлежности, како и препораките од извештајот на ЕУ за напредокот на државата во 2021 година, на ГРЕКО од четвртиот и петтиот круг на евалуација, како и мерките и активностите предвидени во Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси.

На денешната седница членовите на Антикорупција реферираат за Изборните предмети.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    242 shares
    Share 97 Tweet 61
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    233 shares
    Share 93 Tweet 58
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ