Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска во објава на социјалната мрежа Х упати честитки по повод Денот на македонската независност.
On the occasion of the national day of North Macedonia 🇲🇰, I extend heartfelt congratulations to its people and authorities. The EU remains committed to our shared future and to North Macedonia’s European path 🇪🇺. pic.twitter.com/Q7jCBujaaC
— António Costa (@eucopresident) September 8, 2025
– По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, ЕУ останува посветена на нашата заедничка иднина и на европскиот пат на Северна Македонијанапиша Кошта на Икс.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пред неколку дена во Софија на заедничкиот брифинг со бугарскиот премиер Росен Желјазков изјави дека земјава мора да ги исполни обврските договорени во 2022 година. Истовремено, во одговор на новинарско прашање, додаде и дека ги разбира позициите на Скопје и оти смета дека е разумно на Севрна Македонија да ѝ се дадат гаранции дека нема да има нови барања на патот кон Европската Унија.
М. Д.