• Latest

Џара: Народите на Балканот се изморени од „изморени“ политики!

June 29, 2016

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Џара: Народите на Балканот се изморени од „изморени“ политики!

June 29, 2016 17:38
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Јета Џара е една од најпочитуваните и најистакнати истражувачки новинари на Балканот. Нејзиното патешествие кон популарноста започна во Косово по војната, со емисијата „Животот на Косово“, во тамошниот јавен сервис РТК. Бргу ја здоби довербата од публиката, особено поради бескомпромисниот став кон политичарите на власт, и обраќањето внимание кон многуте проблеми на граѓаните од земјата. Подоцна му се посвети уште повеќе на истражувачкото новинарство, како една од основачите на Балканската мрежа на истражувачките новинари (БИРН), која веќе неколку години по ред се истакнува со истражувачкиот третман на темите од Балканот.

Џара вели дека народите на Балканот се изморени од „изморени“ политики. Политичките елити тешко ја прифаќаат критиката, обвинувајќи ги новинарите за платеништво, нешто со што се соочува и таа самата. Во моментов, истражувачкото новинарство, според неа, е во повлекување од медиумите, и тоа го турка невладиниот сектор. Меѓутоа, борбата треба да продолжи, а пропагандата може да се победи само со аргументирано известување и со факти.

Со неа разговаравме за време на нејзиниот престој во Скопје како тренер на обука за истражувачко новинарство со новинари од редакциите на албански јазик во Македонија, за професијата, но и за други актуелни теми врзани со општеството, новинарството и политиката на Балканот.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=LfuExX9Fi7k[/youtube]

ЦИВИЛ Медиа:  Новинарството и медиумите насекаде во регионов се соочуваат со големи проблеми, притисоци од власта, клиентелизам, автоцензура, казни…Како ја оценувате состојбата, дали има надеж за подобри денови во блиска иднина?

ЏАРА: Вистина е дека новинарството, особено во Македонија, поминува низ големи предизвици, посебно ако замислиш дека новинарите, кои се критички настроени,  дури добиле венец како закана за напишаните стории. Истовремено, денес кога бев на обука со млади новинари од Македонија, младите новинари Албанци ми кажуваат дека дури и кога пишуваат за теми како што се погрешно паркирање на некој функционер, тоа се доживува како неподнослива критика и добиваат закани.

Значи, се гледа дека имаме работа со една политичка елита која многу тешко се соочува со критика. Со една политичка елита која е научена да не биде предизвикана, научена да не дава отчет за своите одлуки, и ова, порано или подоцна, ќе треба да се смени, мора да се смени, затоа што Македонија, се гледа по улиците на градовите низ Македонија, се менува. Дури забележувам една потполно друга динамика кај младите Албанци во Македонија, за разлика од порано. Имаме млади со добро и квалитетно образование, кои се отидени надвор од земјата за да студираат. И тие што останале, добиле некои инпути однадвор и се луѓе многу жедни за знаење и заинтересирани за градење на нивната земја. Ова ми се допаѓа најмногу. Сум сретнала многу млади луѓе, денес најмалку 15, го поминавме заедно цел ден, и тие се заинтересирани да останат тука, а имаат можности за одење надвор од државата.

13563325_1277377628957084_684224933_n

ЦИВИЛ Медиа:  Граѓаните на Македонија протестираат повеќе од два месеца, меѓутоа еден дел од медиумите потполно ги игнорираат протестите. И во Косово опозицијата протестира, како и во Србија, во Хрватска… Каков е третманот на медиумите кон овие прашања, дали гласот на граѓаните стигнува до медиумите?

ЏАРА: Гледаме дека Балканот, почнувајќи од Приштина, Скопје, Белград, па и Сараево,  доживеа различни граѓански протести за различни  прашања. На Косово имате протести што се однесуваат на цената на електричната енергија. Добро, имаше протести поврзани со демаркацијата и асоцијацијата, но имало и за други работи. Во Белград моментално се одвиваат протести за тоа што го сметаат како “уништување“ на нивниот град. Во Скопје, имаш протести за  вртоглавите трошоци што ги помина градот Скопје, злоупотребувајќи го јавниот буџет, меѓу другото, освен што има протести и за барање одговорност од политичарите. Што сакам да кажам? Ова е еден добар знак дека во регионот, народите на Балканот се изморени од „изморените“ политики на политичката класа. Корумпираните политички елити нема да можат цел живот да продаваат магла на една млада и нова генерација која се создава на Балканот, и која целосно одбива да се оддалечи и да ја остави земјата во рацете на една политичка елита, на која јавниот интерес и е од секундарна важност, на сметка на својот личен интерес.

ЦИВИЛ Медиа: Во дел од земјите во регионот, критичарите на властите се етикетираат со разни прекари: “соросоиди“, “предавници“… Каков прекар имате вие, на пример? Како ја оценувате оваа пропаганда и дали има начин за борба против неа?

ЏАРА: Забележувам дека во Македонија кога ќе поставиш едно прашање што не и се допаѓа на власта велат “тебе некој те плаќа, Сорос те плаќа, те плаќа овој, оној“. Тоа што можам да кажам е дека пред пет години, доживеав една слична кампања на Косово, дека “ме плаќа Србија“. Или, имаше прилози во кои се велеше дека моите известувања, репортажите што ги правам, дека моето новинарство, се подготвува во белградските кујни. Ги употребуваа токму овие зборови. Тоа што можам да кажам е дека овие обвинувања од политичката класа, дека те плаќа овој или оној, веќе не проаѓаат. Знаете ли зошто? Затоа што ни се враќа граѓанинот: “Многу добро, му го постави ова прашање, но постави му го уште ова прашање, затоа што е во мој јавен интерес, ќе му го поставиш ли уште ова прашање“. Значи, граѓанинот, гледачот или читателот, забележува дека поставуваш прашања во врска со нивниот јавен интерес. На пример, јас сум обвинувана дека ме плаќа Србија, кога сум поставила прашање зошто капе во домот на културата, нешто што нема врска со Србија!? Не можам да очекувам дека новинарите-Албанци во Македонија треба да се плашат од обвинувања, дали се плаќаат или не се плаќаат од некого. Само би кажала дека епилогот го одлучува гледачот, гледачот одлучува од кого се платени, затоа што работата на новинарот е видлива, не е работа што можеш да ја скриеш. Твоето прашање се чита, твојот текст се чита, не е веќе политичарот тој кому можеш да му веруваш. Можеби не е ни новинарот,  затоа што и со новинарите може да се манипулира, може да бидат во служба на политиката. Тој што одлучува е секогаш граѓанинот. Ако граѓанинот те чита, значи дека ти верува. Ако не те чита, тогаш не ти верува. Од кого си платен, не одлучува политичарот.

13578466_1277377548957092_1980576169_n

ЦИВИЛ Медиа: Позната сте како една од најистакнатите истражувачки новинари во регионот, меѓутоа истражувачкото новинарство е во дефанзива, не само кај нашите медиуми, туку секаде низ светот, а тие се претвораат во рекламни паноа и се тривијализираат. Како да се вратат новинарството и медиумите кон јавниот интерес?

ЏАРА: Јас  развивам едно истражувачко новинарство кое е ангажирано, не прифаќам да известувам на таблоиден начин, затоа што никој не видел аир од  тоа. Така што, можам да кажам дека истражувачкото новинарство се соочува со предизвици низ целиот свет, сé помалку има материјални средства за поддршка на истражувачкото новинарство. И, тоа што се случува е дека истражувачкото новинарство наоѓа поддршка во организациите на цивилното општество. Тие се докажаа дека го туркаат истражувачкото новинарство повеќе од класичните медиуми. И доколку треба да се бориме така, ќе се бориме така, со непрофитабилни фондови, и ова е начин да се одржува во живот истражувачкото новинарство. Секако можам да кажам дека, иако истражувачкото новинарство е  во пад, никогаш светот немал поголема потреба за вистината. Имаме примери како Доналд Трамп, имаме политичари како Борис Џонсон, кој по медиуми зборува и кој убедува една цела образована јавност од Западна Европа, САД, дека треба да се гласа за нив, базирајќи се на лаги. Ова се откри на последниот референдум, дека многу од фактите што ги кажале во Британија пред референдумот, биле лаги. Сега политичарите велат: “Извинете, ние победивме, но не може да се прекине миграцијата на бегалците, иако така решивме“, значи ги повлекуваат своите зборови. Ова се случува затоа што има малку истражување во истражувачкото новинарство, инаку, ќе одговараат политичарите што лажат. Нема многу да им „пали“ оваа работа, затоа што на лагата и се кратки нозете, не може секогаш да им поминуваат лагите.

13552801_1277377478957099_14698148_n

ЦИВИЛ Медиа: По оваа обука со младите новинари Албанци, со какви впечатоци ќе си одите од Скопје?

ЏАРА: Пред еден месец, имав една емисија во “Животот на Косово“, во врска со кризата во Македонија, и се изненадив од реакцијата што ја добив од публиката во Македонија. Видов дека многу луѓе ми пишале, ми коментирале, ми дадоа информации, ми велат: “Гледај, таа емисијата што ја направи, добро е што го постави тоа прашање, но јас имам уште едно прашање, еве што се случува во моето општество, те молам дали може кога ќе направиш една ваква емисија за одговорност, да прашаш и за моето општество?“ Оваа публика не е идиотска, луѓето не се глупави… Исто и со луѓето што ги сретнав денес,  школувани луѓе, ниеден не е идиот, и што најмногу ми се допаѓа, тоа се луѓе што ја сакаат својата земја и не прифаќаат политичарите да им продаваат лаги. Луѓето што ги сретнав денес, сакаат да ги откријат лагите на политичарите, тоа се луѓе што и веруваат на мисијата на новинарството, што сакаат чесно да работат. Не треба да се работи нечесно, ниту да се игра играта на опозицијата, ниту на позицијата, туку треба да се аргументира, со факти. Денес, повеќе од било кога го употребувавме мотото: “Не можеш да пишуваш за еден настан што го знаеш, треба да пишуваш за настан што можеш да го докажеш“. Денес ја туркавме идејата дека со факти и аргументи може да се војува и против една страшна пропаганда која ја развиваат властите.

 Бехар Мемиши

 Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БИРНинтервјуЈета ЏараНародите на Балканот се изморениод „изморени“ политики!ЦИВИЛ-Медиа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ