Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи се соочува со повици за импичмент и правна постапка под обвинение за измама, поради неговата промоција на криптовалути на социјалните мрежи, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Милеи објави на социјалната мрежа X, за монетата $LIBRA во петокот, за која рече дека ќе помогне да се финансираат мали бизниси и старт-ап.
Тој сподели линк каде може да се купи, поради што неговата цена се зголеми. Но, за неколку часа, тој ја избриша својата објава и криптовалутата падна во вредност, поради што инвеститорите ги изгубија поголемиот дел од нивните пари.
Некои опозициски членови на Конгресот велат дека планираат да започнат постапка за отповикување на Милеи. Во меѓувреме, адвокатите поднесоа жалби за измама во аргентинскиот кривичен суд во неделата.
Подготви: Д. Мишев