• Latest

Армијата високо оценета според стандардите на НАТО, модернизацијата е приоритет, се интензивира социјалниот дијалог

April 28, 2022

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Армијата високо оценета според стандардите на НАТО, модернизацијата е приоритет, се интензивира социјалниот дијалог

April 28, 2022 15:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Славјанка Петровска ја презема функцијата министерка за одбрана во период кој претставува сериозен предизвик по безбедноста на континентот. Петровска од самиот почеток јасно го пренесе ставот на политичкиот и одбранбен врв на Северна Македонија за мирно и дипломатско решение за надминување на состојбата, а изрази и недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и поддршка за украинскиот народ. Министерката застана и на чело на Координативното тело за учество на Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи чија задача е координација со домашните институции и сојузниците во НАТО за справување со моменталната криза на европско тло, одвраќање и оневозможување на прелевање на конфликтот на територија на земјите членки на НАТО, информираат од Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана предводено од министерката Славјанка Петровска во овој период забрзано продолжи да работи на опремување и модернизација на Армијата, процес кој во овој обем се реализира за прв пат од осамостојувањето на земјата. Во првите 100 дена мандат беше донесен Годишниот план за набавки во областа на одбраната со влади на странски држави кој содржи осум проекти, меѓу кои и набавката на лесни оклопни возила која е во тек, набавката на специјални возила за посебни намени, артилериски системи и против воздушен одбранбен систем на мали височини.

Државата и Министерството вложуваат во нова и модерна опрема зашто припадниците на Армијата го заслужуваат тоа. На неодамнешното НАТО – оценување на вежбата „Блесок 22“, тие уште еднаш покажаа дека имаат способности и вештини и дека стојат рамо до рамо со нивните колеги од НАТО. Лесниот пешадиски баталјон на Првата пешадиска бригада беше оценет како „борбено способен“ согласно највисоките НАТО стандарди.

Паралелно со модернизацијата, се работи на драстично подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата, за што во тек е реализацијата на неколку капитални инвестиции – реконструкција на четири големи армиски објекти, а се работи и на рехабилитација на писти во две касарни и санација на патна инфраструктура во селото Криволак. Во последните 100 дена завршени се реконструкциите на два големи објекти во касарните „Гоце Делчев“ во Скопје и „Јане Сандански“ во Штип, изведена е гасоводна мрежа во касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово, а завршени се и три нови санитарни јазли и пречистителни станици во рамките на нашиот најголем полигон, „Криволак“.

Засилен е и социјалниот дијалог со претставниците на синдикатите од областа на одбраната. Дека станува збор за искрен и сеопфатен дијалог од кои произлегуваат решенија, потврди и Независниот синдикат на одбраната, кој информираше дека работните состаноци со министерката се континуирани и фокусирани на клучни прашања за вработените во одбраната. Синдикатот потврди дека станува збор за социјален дијалог на високо ниво и го поздрави пристапот на министерката Петровска во разговорите.

Во изминатите 100 дена во одбраната се работеше интензивно на подготовките за претстојната досега најголема вежба на армискиот полигон „Криволак“ која вклучува над 4.600 припадници на армии од осум држави – Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција. Започнати се и подготовките за реализацијата на најголемата годишна конференција на НАТО комуникатори и информации која есенва ќе се реализира во Северна Македонија, а ќе вклучи околу 400 експерти за стратегиски комуникации и односи со јавноста.

Министерката Петровска на утрешниот форум „100 дена Влада“ подетално ќе ги образложи достигнувањата во овие 100 дена во секторот одбрана, стои во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ