• Latest

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025 13:13
in ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Кога немаат што да понудат – нè пребројуваат. Кога политичарите остануваат без идеи, без визија, без план – го вадат од џебот џокерот: попис. Не како статистичка операција, туку како етничка запалка. Во предизборно време, оваа тема повторно влегува во јавниот дискурс, и не за да добиеме подобри податоци, туку за да добиеме полоша атмосфера.

Додека цените на основните прехранбени производи вртоглаво растат, а сиромаштијата станува секојдневие, политичарите дебатираат за – попис. И тоа не кој било, туку електронски. Виртуелен, дигитален, модерно пакуван, но со стари, провидни намери.

Македонија, држава каде што веќе станува луксуз да се купи леб, млеко и паштета, сега сака да ги преброи своите граѓани. Не за да им помогне, туку за да ги запише во некоја електронска база. Додека народот брои денови до следната плата – државата брои етнички квоти.

Онлајн можеме да ги видиме цените. Секој ден – нови шокови: домати, пиперки, лубеница како луксузен производ, сирењето со цени како швајцарска плата. Но, онлајн ќе биде и пописот – дигитална играчка во рацете на политички елити кои повторно ни нудат замена за реална политика.

Најавата за електронски попис во Македонија изгледа технички напредна, но суштински е политички мотивирана. Особено кога се знае дека Уставниот суд неодамна ги укина категориите „резиденти“ и „нерезиденти“, отворајќи простор за нови етнички пресметки и бројки што никогаш не биле само бројки, туку алатка за поделба, за конфликти, за уцени. Ние остануваме заложници на државата што нема план како да нè нахрани, ама има алгоритам како да нè изброи.

Политичките елити не се заинтересирани за пописот како инструмент за планирање – тие се заинтересирани за пописот како инструмент за манипулација. Колку Македонци, колку Албанци, колку Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи… но никој не прашува: колку луѓе заминале од државата? Колку деца се иселиле и ако имавме сериозна држава ќе имавме аларм дека за вториот упис има над 16.000 празни места во средните училишта.

Наместо попис на реалноста, добиваме попис на илузии. Во држава во која сиромаштијата расте, здравството тоне, младите заминуваат, пописот стана политичка забава за маси, од која профитираат само политичките партии. Иако никој не сака да признае, сепак пописот е само уште една форма на кампања – маскирана како „државна обврска“.

И не е страшно што сме гладни – страшно е што тие мислат дека ние тоа нема да го забележиме. Ни фрлаат теми како попис, како фрлање коска пред осиромашени гладијатори. А ние треба да се степаме по етнички линии, додека политичките профитери живеат во „нерезидентски“ луксуз.

Во нашата земја, електронски ќе се обидат да нè попишуваат, но во реалноста (ќе) нè брише гладот.

Изборите се ближат. И кога нема визија, се нуди поделба. Кога нема развој, се нуди конфликт. И кога нема идеи – се нуди попис.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ