• Latest

Армијата зајакната со нови 55 подофицери, втора група од вкупно 120 за годинава

April 29, 2021
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Армијата зајакната со нови 55 подофицери, втора група од вкупно 120 за годинава

April 29, 2021 11:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во скопската касарна „Илинден“ денеска втората група од 55 од вкупно 120 професионални војници беа промовирани во првиот подофицерски чин. Сертификати добија тројца најдобро рангирани подофицери и тоа прво рангираниот водник Бобан Јанковски, второ рангираниот Игор Димовски и трето рангираниот Амер Зеиновски.

– Не сум само јас најдобар, најдобри сме сите заедно. Дојдовме со голема иницијатива овде 55 од нас и си ветивме дека братски рамо до рамо ќе станеме верни меѓу себе и ќе завршиме сите 55. Токму тоа и го остваривме. Научивме да станеме кога е најтешко, да бидеме колектив, колектив кој изгради голем соживот. Чекоревме храбро и чесно, заедно со инструкторскиот тим и дење и ноќе за да ја постигнеме оваа наша цел, цел означена со кохезија држење еден до друг, тактичност, цел за да станеме лидери, изјави новиот подофицер Јанковски.

На новите подофицери им честита и им даде целосна поддршка министерката за одбрана Радмила Шекеринска која им порача дека тие, заедно со првите, сите 120 подофицери ќе бидат пример за професионалните војници, како се работи, како се напредува, како се служи на татковината.

Таа уште им порача дека секоја година вклучително и во втората половина на 2021 година да се пополнува подофицерскиот кадар.

– Вие го покажувате правецот за секој војник, вие ги организирате, ги инспирирате ги мотивирате и ги насочувате, ги учите на дисциплина и одговорност. Доаѓате од базенот на професионални војници и најдобро знаете што значи да се биде добар професионален лојален војник. Вие сте рбетот на Армијата, а за секоја држава е клучно тој рбет да биде исправен и цврст, нагласи меѓу другото министерката Шекеринска.

Додаде дека тие ќе бидат одговорни за голем број војници, а пред нив ќе бидат првиот лидер и, како што истакна, нивниот однос и знаење ќе стане и однос на војниците кон Армијата и кон професионалноста и знаењето што е неопходно.

– Одговорноста што ја носите и ќе ја носите на вашите рамења е голема, но немам дилеми дека ќе одговорите на предизвикот, потенцира Шекеринска.

Според неа, со овој чин се заокружува една од важните цели не само за оваа година, туку за цела деценија во работењето на нашата Армија.

Цели 11 години, подвлече таа, нашата армија немаше ниту курс за подофицери, ниту производство и во тие 11 години е акумулиран недостиг на повеќе од 500 подофицери без кои ниту една армија, а камоли НАТО армија не може да биде цела. Оваа година во тешки услови на епидемија, на корона, на кризни состојби, рече Шекеринска, успеавме да ја завршиме оваа цел.

Таа се осврна на тоа дека е обновена нивната лична опрема, обезбедени се сите припадници на Армијата да имаат нови борбени униформи, се обезбедува свечената униформа, Гортекст дополнителни униформи, чизми, спортска и алпинистичка опрема, вооружување и техника, како што се новите автоматски пушки и прв пат во историјата, нагласи Шекеринска, почната е и набавката на нови оклопни транспортери. Потсети дека е интервенирано и во платите и нивните бенефиции, а новите измени на Законот за служба во АРМ, се предвидува уште една опција за сите оние кои полнат 40 години и не успеале да станат подофицери, освен шанса да работат во државната управа, ќе добијат можност да заминат со финансиски надоместок, што ќе им гарантира нов почеток.

Инаку, нивната обука, заедно со првата група од 65 подофицери чија обука започна на 28 ноември 2020 година, а во прв подофицерски чин беше промовирана во февруари, и втората група од 55 лица чија обука започна на 22 февруари, се реализираше на армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за обука „Пепелиште“, од страна на искусни инструктори од Командата за обука и доктрини, Баталјонот за специјални сили и извидувачко – разузнавачкиот баталјон.

Курсот за подофицери се состои од повеќе теми и тоа – подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, општи воени знаења и практични форми на обука и ситуациони вежби.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ