• Latest

Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250

December 28, 2020
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250

December 28, 2020 14:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 200 професионални војници денеска се приклучија во редовите на Армијата на Република Северна Македонија, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која им посака добредојде во Армија која е членка на НАТО, најави дека првата половина од 2021 година ќе бидат дополнително примени уште 250 професионални војници. Таа информира дека 120 припадници на Армијата, за кратко време ќе бидат произведени во подофицери.

На свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, министерката Шекеринска во обраќањето пред новите професионални војници нагласи дека инвестирањето во Армијата започнува со инвестиции во човечкиот потенцијал, затоа се одржува политика на постојано прифаќање и ангажирање нови млади припадници и се води политика на многу чести приеми на нови професионални војници.

– Вашиот денешен ден е почеток на интересно и возбудливо патување како армиски професионалци. Ќе ги осознаете вашите граници, ќе ја тестирате вашата цврстина, трпеливост, знаење, волја и слично. Ќе сфатите дека да се биде во Армијата не е само професија, туку и начин на живот. Униформата ќе ве направени дополнително почитувани и дома и во заедницата. Затоа носете ја  гордост и со чест, им порача министерката за одбрана.

Шекеринска укажа на тоа колку се подобрени работите во Армијата на С Македонија, кога се вложува пред се во луѓето во Армијата, во опрема, во плати, во додатоци на плати. Сликата драстично се смени, подвлече, за 70  места минатиот пат, потсети, имавме 700 кандидати.

Армијата, им порача Шекеринска, не е институција која ги гледа низ призмата на нивното име и презиме, низ призмата на етничка припадност или вера или кое било друго прашање, овде, исткана, ќе функционирате под принципот сите за еден и еден за сите.

После долгиот процес на тестирања и проверки, на овие 200 кандидати од вкупно пријавени 1.800, за Шекеринска е знак дека Армијата во своите редови добила млади луѓе, доволно подготвени, квалитетни, упорени и посветени.

Министерката за одбрана Шекеринска меѓу другото потсети дека во изминатите три години се зголемени сите надоместоци на припадниците на Армијата кои учествуваат во меѓународни мисии, на дневниците за време на вонредна и кризна состојба, наградени се и пилотите кои учествуваа во серија на поѓари што ја зафатија државата, сега се наградени медицинските сестри и доктори од Батаљонот за воено медицинска поддршка, кои се рамо до рамо со своите колеги во јавното здравство.

Со приемот на новите 200 професионални војници, вкупната бројка на новопримени во изминативе три години е 830 лица.

Шекеринска информриа дека оваа пролет ќе започне голема вежба на армискиот полигон Криволак, на која ќе учествуваат над 2000 припадници од повеќе сојузнички армиии./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ