• Latest

Aсани: „Славија“ беше распродавана на парче од владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа e обезвреднета, тој што ќе ја купи ги презема и милионските долгови

December 20, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Aсани: „Славија“ беше распродавана на парче од владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа e обезвреднета, тој што ќе ја купи ги презема и милионските долгови

December 20, 2021 16:26
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани во Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција како реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која се изнесени повеќе невистини и неточни информации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“.

Директорот Асани нагласи дека неговата прес-конференција има за цел да ги разобличи сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации.
– На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се изнесени повеќе невистини и неточни информации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“. Тука сум да ги разобличам сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации, изјави Асани.
-Затоа, ви ги презентираме фактите со кои јавноста ќе ја добие целосната и вистинска слика она што претходната власт остави од некогашниот гигант „Славија“ и за неопходноста за изнесување на акциите на продажба на берза што произлегува од законската обврска на која упатуваат и укажувањата на надворешната независна ревизија за работењето на компанијата.
За изјавата на ВМРО-ДПМНЕ, во која се вели дека вредноста на компанијата изнесува над 20 милиони евра., Асани рече дека тоа не е точно, и дека оваа бројка за вредноста на АД „Славија“ е од 2012 година кога токму тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја најави продажбата на компанијата на прес-конференцијата на тогашниот портпарол, на 23 ноември 2012 година, за што Асани упати на прес-конференција од 2012 година, објавена на веб-страната на Владата (https://vlada.mk/node/5106).
– Она што денес не го кажуваат од ВМРО-ДПМНЕ е дека вредноста на компанијата денеска е далеку помала заради фактот што во меѓувреме, во периодот од 2012 до 2017 година, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче и тајно, по цени далеку пониски од неговата вредност, посочи Асани. За да ја изведат на тој начин продажбата на АД „Славија“, наместо да ја понудат на продажба со акциите на берзата, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче, зад затворени врати.
– На тој начин по за државата неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на „Славија“, во Скопје и низ целата држава. Чисто за илустрација, голем дел од тие ексклузивни локации и дуќани денес се во сопствеништво на компанијата „Тинекс“, како и на други приватни компании.
– Според тоа, цената на АД „Славија“ денес воопшто не е нешто над 20 милиони евра, како што рекоа на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку многу пониска, а причината е тоа што токму владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2012 до 2017 ја распродаде „Славија“ на парче.
– Денеска имотот на АД „Славија“ се состои од имотот што го претставува управната зграда како и магацините и земјиштето во Кисела Вода. Но вредноста на акцијата ја дефинираат и долговите на претпријатието кои се бројат во милиони евра, а самата претходна влада во 2012 година пријавила долг за „Славија“ од дури 17 милиони евра. Сумарно, вредноста на „Славија“ денес е повеќекратно пониска поради тоа што беше распродавана на парче и остана без многу од својот имот и поради наследените долгови, продолжи Асани. На овој начин е распродадено повеќе од 70% од имотот на АД „Славија“.
– Што се однесува до акциите на АД „Славија“, нивната вредност произлегува од капиталот што стои зад нив, а тоа е имотот што го спомнав претходно. Порано акцијата на „Славија“ со целиот имот позади вредеше едно, а денес така распродадена и без капитал, цената на акцијата вреди многу помалку. Но, цената на акцијата не ја утврдува ниту Управата ниту самото претпријатие.Дополнително од продажбата на АД „Славија“ ќе бидат подмирени долговите кон вработените и кон доверителите, дополни директорот на Агенцијата за управување со одземен имот.
На крајот на пресот, Асани упати повик до лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски:
– За крај би го повикал лидерот да се пријави да ја купи АД „Славија“ на претстојната продажба, вклучително со долговите на компанијата што ги направи токму неговата партија ВМРО-ДПМНЕ,

 

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ