Граѓаните од Северна Македонија и Турција се најподложни на лажни вести, според релевантни истражувања, Македонците се фаќаат како за јадица на тие лажни вести и сè уште не постои инструмент определен од човештото кој ќе може да ги детектира сигурно кои се тие лажни вести, вели политикологот Благојче Атанасовски за ЦИВИЛ Медиа.
Тој додава дека за жал тие лажни вести станаа ѕвезда водилка во политичкиот дискурс.
„Граѓаните што повеќе да се информираат, што повеќе да читаат и да не читаат само наслови, да не се информираат само од еден медиум, бидејќи за мене вистината и слободата се највозвишени вредности, и ако сакам да дознаам за ситуацијата во Украина треба да прочитам 10, 15, 20 вести за да дојдам до вистината.
Мојот вредносен светоглед треба од тие 15 вести кои се руски, украински, западни да ги извлече заклучоците. Ако ние цело време читаме еден извор тогаш ќе бидеме подложни на верување на тој извор. Едноставно во општествените науки нема апсолутна вистина, но да ја дознаеме таа услово кажано наша вистина, мора да црпиме што повеќе информации и врз база на тие информации да создадеме наша вистина“, нагласи Атанасовски.