Во Собранието е тивко, а атмосферата е како и во текот на секоја вообичаена пауза. Може да се каже дека е дури и здодевно. Новинарите се во собраниското бифе или во новинарската галерија, а пратениците се во своите канцеларии. Сепак, не се седи со скрстени раце, туку се работи, се водат разговори и координации. Сѐ уште ништо не е готово, иако во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, стаса реакција во која се вели дека за нив собраниската седница е завршена. Се очекува седницата да продолжи во 21 часот.
Мицкоски свика прес конференција пред нивното седиште во 19:15 часот. ЦИВИЛ Медиа ќе ја покрие и оваа седница.
М. Л.
фото: Маја Ивановска/ЦИВИЛ