• Latest
513419514

Аутизам – состојба која бара соочување, а не предрасуди

December 4, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Аутизам – состојба која бара соочување, а не предрасуди

December 4, 2017 10:05
in ОПШТЕСТВО
513419514

513419514

Share on FacebookShare on Twitter

Aутизмот е доживотна состојба и комплетен третман сè уште не постои, но постојат методи за подобрување во клиничката слика и квалитетот на живеење.

Родителите кои имаат дете со аутизам треба да ја прифатат неговата состојба и позитивно да влијаат на неговиот развој. Тие треба да бидат поотворени, да ја прифатат секоја понудена соработка која може да придонесе за намалување на нивниот стрес и да им помогне во секојдневниот живот.

Таква соработка преку организирање обуки нуди Македонското научно здружение за аутизам во рамки на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“, финансиран од ЕУ преку Еразмус плус програмата, преку кој треба да бидат опфатени стотина родители. Досега се опфатени 69 родители од Македонија, а организирани се четири обуки во Скопје и по една во Велес, Охрид и Битола.

„Родителите се едуцираат за сензорните нарушувања кај нивните деца, како да ги воочат и како да преземат одредени мерки за да ги надминат, предизвикувачкото однесување… Даваме совети за исхраната бидејќи децата со аутизам имаат проблем со исхраната, и за сексуалноста“…, вели претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, Владимир Трајковски.

 

Првите евалуации, информираат од Здружението, покажале дека обуките имаат одличен ефект, а родителите кои учествувале во нив укажуваат дека обуките придонеле во намалување на нивниот стрес, им помогнале во секојдневниот живот и им го олесниле квалитетот на живеење.

„Повеќето од родителите не сакаат да учествуваат во обуките. Секогаш за учество на обуките каниме по 20 до 25 родители, а во Охрид ни дојдоа осум родители, во Битола десеттина, во Велес – 12. Родителите треба да бидат поотворени, да ја прифатат нашата понудена соработка бидејќи овие обуки се бесплатни. Не се јавуваат поради предрасудите во нашето општество, заради затвореноста што ќе кажат другите и нивната недоверба, да не бидат озборувани…балкански синдром. Тие очекуваат веднаш да му се подобри состојбата на нивното дете, а за тоа треба да поминат години со едукации, работа со дефектолози, логопеди, психолози… за да има одредени подобрувања“, посочи Трајковски.

Според него, проблемот е нетрпеливоста на некои родители кои очекуваат преку ноќ да добијат позитивни резултати.

„Oбуките се наменети за родителите и целта е колку што можеме позитивно да влијаеме на родителите да ја прифатат состојбата на нивните деца и да влијаат позитивно на нивниот развој. Обуките содржат шест задолжителни модули. Она што навистина им треба на овие деца е токму визуелната поддршка. За овие деца многу ретко речиси никаде не се подготвуваат визуелни распореди, визуелни сликички и одредени помагала кои им требаат за да можат да усвојуваат знаења“, вели дефектологот Јасмина Трошанска.

Од Здружението наведуваат дека неопходна е национална стратегија за аутизам и регистар за точниот број лица со ваква состојба. Според регистарот на Здружението, има 170 деца и лица со аутизам, но сметаат дека тој број е многу поголем. Според податоците на Асоцијацијата „Аутизам Европа“, на 100 деца едно се раѓа со аутизам.

Проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ ќе заврши во август 2018 година и од Здружението планираат најмалку една, а можеби и две обуки во февруари и март.

Зоран Гиев, родител на дете со аутизам, вели дека уникатноста на проектот е тоа што директно родителите вежбале и работеле за да се справат со отстапувањето на однесувањето на нивните деца, да ги менаџираат сите тие проблеми…

 

„Син ми има 15 години и од 2006 година сме интензивно во некоја борба со институции, поединци…Тешка е борбата. Едно семејство е постојано во стрес со такво дете. Ние сме дојдени до перфекција, ако седам во дневната соба, а тој во спалната соба, јас знам што прави тој таму. Значи до таа перфекција се дојдени родителите за да се справат со децата. Ние не сме специјални едукатори, не сме учеле школо за да ги разбереме нивните специфични состојби. Затоа постојат институции кои продуцираат такви кадри“, вели Гиев.

Многу добро ќе разберам, посочи, како се однесува моето дете, што може да му смета, кога тоа ќе ми го каже професионалец.

„Денеска може водата што ја гледа да му смета, утре може да не му смета. Значи јас треба да бидам толку насочен кон неговото внимание за да го разберам. А овој проект во голема мерка помага и дава основни патеки и чекори за справување со состојбата. Оваа состојба повеќе зависи од трендот на живеење. Живееме во свет со многу зрачење, нездрава храна и вода. Ние родителите ќе бидеме хендикепирани ако овој проект не продолжи понатаму. Од здравствен аспект многу назадуваме. Кога ќе видите не само во светот, туку и во нашето соседство какви се протоколи, центри и методи имаат, а ние се правиме лидери во нешто“, додаде Гиев.

 

Според него, има голема апатичност кај родителите, се срамат поради состојбата на нивното дете кое има аутизам, па не го носат во градинка, школо и на разни случувања за децата…

Родителите на деца со аутизам укажуваат на неопходноста од подобрување на нивните услови за живеење, формирање национален регистар, отворање центри за аутизам и креирање национална стратегија за справување со болеста.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: аутизамподобри услови
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ