• Latest

Авдулах Хоти предводник на новата Влада на Косово

June 3, 2020
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Американски санкции за Москва, ЕУ со историска понуда за Канада, ОН предупредува на опасната трка во развојот на ВИ, жестоки битки и цивилни жртви во Украина

September 17, 2026

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

На денешен ден во 1939 година: Сталиновиот СССР ја нападна Полска од исток

September 17, 2026
Миколајив, 16 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Петмина загинати во напад врз автобус во Никополскиот реон, нападнат и возот Кијив-Миколајив – која е целта на нападите врз јавниот превоз?

September 16, 2026

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Авдулах Хоти предводник на новата Влада на Косово

June 3, 2020 13:54
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Косово со 61 глас „за“ 24 „против“ и еден „воздржан“ ја избра новата влада, која ќе ја води кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кабинетот на Хоти, според неговиот предлог кој го изнесе пред пратениците, ќе има четворица заменици премиери и 15 министри кои доаѓаат од новата коалција која ја сочинуваат ЛДК, Алијансата за иднината на Косово (ААК), Социјалдемократската иницијатива (Нисма), Српската листа (СЛ) и таканаречената Груп 6 плус, односно партиите на помалите етнички заедници.

 

Меѓу членовите на новата влада има и неколку министри од ЛДК кои останаа дел од кабинетот на досегашниот премиер, лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти и по изгласувањето недоверба на неговата влада на 25 март.

Вицепремиери се Бесник Тахири, Дритон Селманај, Албулена Баљај и Горан Ракиќ. Нов министер за правда е Селим Селими, за одбрана Антон Ќуни, кој и досега го водеше истиот ресор, за внатрешни работи Агим Велиу, за надворешни работи Мелиза Харадинај, за заедници и враќање Даливор Јевтиќ, а досегашната министерка за образование Хикмете Бајрами во кабинетот на Хоти ќе ги води финансиите.

Претставувајќи ја својата програма, мандатарот Хоти на почетокот на своето обраќање им се заблагодари на лекарите и другите здравствени работници за справувањето со епидемијата на Ковид-19.

Хоти нагласи дека намерата на партнерите од новата владина коалиција за формирање влада била единствено заштитата на човековите права и слободи и напредокот на државата.

Тој рече дека прифаќањето на кандидатурата за премиер претставувало „не баш лесен предизвик“ за него.

– Чувствувам одговорност пред пратениците, пред граѓаните и Уставот за задачите кои не очекуваат. Нација сме на која ѝ треба влада која ќе ѝ служи, а не обратно, влада на која ѝ треба нација за експериментирање. Појдовме единствено од општествениот интерес. Новата влада нема да има ниедна друга моќ, освен онаа што извира од Уставот, порача Хоти.

Новата влада, рече тој, во ниеден момент нема да го напушти евроатлантскиот пат на Косово, а ќе стори се за да ги интегрира заедниците во сите области на општествениот живот, со обезбедување еднакви можности за сите.

Тој нагласи дека веднаш ќе се заложи за надминување на пречките за продолжување на дијалогот со Србија како „прашање од животно значење за Косово“, за што најави тесна соработка со Европската унија и Соединетите Американски Држави, за кои рече дека имаат „неделива улога“.

Двата приоритети на неговата влада на почетокот на нејзината работа, рече Хоти, се борбата против пандемијата на Ковид-19 и економското опоравување по совладувањето на епидемијата, за што ќе се сработи посебна владина програма, која ќе се заснова на анализа на последиците на Ковид-19 врз економијата.

На седницата не присуствуваат пратениците на досега владејачкото Движење самоопределување (ВВ) на Албин Курти, освен шефот на пратеничката група Реџеп Селими, кој во своето обраќање по излагањето на Хоти рече дека формирањето нова влада претставува „грабеж“ и „газење на волјата на граѓаните изразена на изборите од октомври минатата година.

– Некои губитнички партии, некои мали и некои малку поголеми партии, се собраа за да ѝ ја украдат победата на победничката партија. Владата која се обидувате да ја формирате е производ на измама. Таа е илегална бидејќи произлезе од неправедната пресуда на Уставниот суд, изјави Селими.

Шефовите на пратеничките групи на партиите од новата коалиција изразија поддршка на новата влада и упатија критики на досегашното владеење на Курти.

 

Лидерот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Кадри Весели изјави дека пратениците на неговата партија нема да го поддржат кабинетот на Хоти, затоа што не очекуваат дека ќе донесе нешто добро на земјата.

По изгласувањето, членовите на новиот владин кабинет поднесоа заклетва пред присутните пратеници во Собранието.

Пред зградата на Собрaнието се собраа неколку десетици граѓани кои се спротивставуваат на формирањето нова влада и, како и ВВ, бараат одржување нови избори.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ